RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДО 2030 СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТЕЛЕПАТИ
Четврток, 11 Ноември 2010
Слика
БИДЕТЕ ФИНИ
Вторник, 01 Март 2011
Слика
СО МУЗИКА ДО ДЕПРЕСИЈА
Вторник, 26 Април 2011
Слика
БЕЗ РЕПРИЗИ, МОЛАМ
Четврток, 16 Декември 2010
Слика
МУНЧХАУЗЕН СИНДРОМ
Петок, 05 Август 2011
Слика
МАШКО ИЛИ ЖЕНСКО?
Четврток, 30 Декември 2010

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



БУБА КИБОРГ ОД ПЕНТАГОН PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2412 пати
Петок, 10 Декември 2010 02:13

Научниците создадоа прв бежичен летачки инсект киборг кој се контролира на далечина преку чип.

бубачка киборг

Првиот бежичен летачки инсект киборг – кој се котролира со далечинско управување – го создадоа инжињерите на Универзитетот Беркли, Калифорнија. Биомеханичкиот хибрид на 6 нозе може да се крева, кружи и лета на команда, воден од радио приемник кој ги претвора сигналите во електрични кодови поврзани со мускулите за летање и очните школки на инсектот. Истражувачите ја покажаа бубачката-киборг на конференцијата на ИЕЕЕ МЕМС во Италија откако на истата конференција која се одржуваше во 2008 година ја прикажаа прелиминарната верзија.

инсект киборг

Оваа бубачка киборг има тело на инсект, а размислува како машина. Поради тоа може да биде одличен извидник: ефтина е, потрошлива и способна за тајно извидување. Научниците од Беркли, предводени од Мајкл Махарбиц, забележуваат дека бубачките се доволно силни да носат користен товар, како минијатурна камера.

бубачка шпиун

Агенцијата за Напредни Истражувачки Проекти (The Defense Advanced Research Projects Agency - DARPA), која ја финансира оваа работа, исто така спонзорира истражувања кои работат на тоа да пронајдат начин за имплантирање на машинерија во бубачките додека се се уште мали. Пеперутките можат да прелетаат илјадници милји без храна; киборг верзијата би била добар кандидат за далечни мисии. Можеби гасениците би можеле да бидат модифицирани да израснат во навидум нормални пеперутки, но всушност да имаат вградени жици и електроди, кои ќе им овозможат на луѓето да го контролираат нивниот лет. Вилините коњчиња, кои можат да достигнат 45 милји на час, би можеле да бидат ангажирани во мисии за кои е потребна голема брзина. И со распон на крилјата од скоро 10 инча, молецот Thysania agrippa го привлече вниманието на истражувачите од DARPA како потенцијален минијатурен товарен брод.

пеперутка киборг

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.