RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
10 НАЈДЕСТРУКТИВНИ ОДНЕСУВАЊА 2 ДЕЛ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
БИОЛОГИЈА НА ЗАБОРАВАЊЕТО
Понеделник, 14 Мај 2012
Слика
НЕ СТОЈ ТОЛКУ БЛИСКУ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
ЛЕКОВИТИ ПРИЈАТЕЛИ
Петок, 08 Април 2011
Слика
ПРЕКИНУВАМ..ИЛИ СЕПАК НЕ?
Петок, 22 Април 2011
Слика
ПСИХОАНАЛИЗА ЗА СПОРТИСТИ
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
ФАТАЛНА СИРОМАШТИЈА
Петок, 21 Јануари 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГИ ПРЕДВИДУВААТ ОЦЕНКИТЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 2425 пати
Петок, 28 Декември 2012 23:05

Истражувачите тврдат дека можат да ги предвидат оценките на студентите преку анализа на нивните профили на социјалните мрежи.

 студенти пред компјутер 

Научниците од Универзитетот Бен-Гурион сметаат дека информациите кои се наоѓаат во профилите на учениците може да се искористат за да се предвиди кои студенти ќе постигнат одлични резултати по одреден предмет, а на кои им е потребна одредена помош.

Тие анализирале податоци од еден универзитетски предмет кој вклучувал задачи што требало да се испраќаат преку интернет како и придружните веб логови (вкупно биле анализирани 10 759 задачи). Овие податоци тие ги искористиле за да конструираат социјални мрежи на експлицитна и имплицитна соработка меѓу студентите.

 студенти пред компјутер

Имплицитните врски се користат за да се моделираат сите социјални интеракции меѓу студентите кои се случиле офлајн, вклучувајќи ја електронската пошта и прашањата што преку неа си ги поставувале, разговорите во лабораториите додека ги подготвувале задачите па дури и форумите посветени на определениот предмет.

Заедно со анализата на онлајн испратените задачи на студентите кои работеле во групи или парови, тие го мереле и времето на најава (логираност) и употреба на компјутерот.

 студенти пред компјутер

На пример, ако двајца студенти ги испратиле нивните задачи од истиот компјутер, тоа се земало како веројатна индикација дека тие двајца заедно работеле на дадената задача. Ако пак двајца студенти ги испрателе задачите од различни компјутери, но веднаш еден по друг, и тоа се случувало во повеќе од една прилика, истражувачите го нотирале и овој факт.

 студенти на компјутери

Едниот од коавторите на оваа студија, Др. Мајкл Фајер, смета дека едно од објаснувањата за нивните анализи е дека пријателите ви влијаат врз оценките по одреден предмет, па така, ак одобро си ги одбирате пријателите ќе добиете повисока оценка. Дополнително, социјалните мрежи по одредени предмети овозможуваат услови при кои добрите студенти ќе одберат да бидат во пар или група со други добри студенти, а по сличен пат послабите ќе се спарат со други послаби студенти.

 девојки пред компјутер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.