RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ВИДЕО ИГРИТЕ И МОЗОЧНИТЕ БРАНОВИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 5065 пати
Среда, 02 Мај 2012 21:15

Играњето на акциони видео игри предизвикува разлики во мозочната активност и подобрувања во визуелното внимание.

воена игра 

Ова го тврди истражувачкиот тим на психологот Др. Јан Спенс, професор на Универзитеот во Торонто. Тие откриле дека промените во мозокот се појавуваат дури и ако индивидуата ја игра дадената акциона игра релативно кратко време.

Претходните проучувања најдоа разлики во мозочната активност меѓу играчите на акциони видео игри и неиграчите, но за ваквата разлика може да се понуди објаснување дека постоеле претходни разлики во мозоците на оние со предиспозиции за играње на видео игри и оние кои ги избегнуваат.

 логичка 3Д игра

Според истражувачите, овој експеримент е прв кој покажува дека промените во мозокот се директно поврзани со играњето видео игри.

Во студијата, 25 субјекти, кои претходно не играле видео игри, играле игра во вкупно време од 10 часа, во сесии од по еден до два часа. Шеснаесет од нив играле пукачка игра во прво лице, а како контролна група, девет субјекти играле тродимензионална логичка игра.

Истражувачите ги мереле случувањата со мозочните бранови на индивидуите, пред и по играњето на видео игрите. Мозочните бранови биле забележувани кога субјектите ќе се обиделе да детектираат целен објект помеѓу други сметала во едно широко визулено поле.

 гејмери

Субјектите кои играле пукачки видео игри покажале најголем напредок во задачите кои изискувале визуелно внимание а истовремено кај нив се појавиле значителни разлики во нивните мозочни бранови. Останатите субјекти, вклучително и оние кои играле тридимензионална логичка игра, не покажале слична промена.

„Откако играа на пукачката игра, промените во мозочната активност беа во согласност со мозочните процеси кои го зголемуваат визуелното внимание и ги потиснуваат информациите кои го оттргнуваат,“ рече докторантот Сижинг Ву, еден од авторите на студијата.

фокусирано внимание 

„Студиите изведувани во различни лаборатории, вклучувајќи ја и таа на Универзитетот во Торонто, покажаа дека акционите видео игри може да го подобрат селективното визуелно внимание, како што е способноста брзо да се открие и идентификува целта во натрупана позадина. Но, никој претходно не демонстрирал дека се појавуваат разлики во мозочната активност кои се директен резултат на играњето видео игри“, изјави Спенс.

„Супериорното визуелно внимание е круцијално за многу важни секојдневни активности. Неопходно е за работи како што е возењето автомобил, следењето промени на компјутерски екран, па дури и избегнувањето на сопнување од детски играчки расфрлани по подот,“ објасни Спенс.

 фокус

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.