RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СТРЕСОТ ГИ МЕНУВА ОДЛУКИТЕ
Среда, 29 Февруари 2012
Слика
НЕСВЕСНО ПОСТОЈАНО ПРЕТАЊЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ПЕРЦЕПЦИЈАТА ВЛИЈАЕ ВРЗ УЧЕЊЕТО!
Понеделник, 25 Јули 2011
Слика
НАРЦИСИТЕ НАОКОЛКУ И ВО НАС
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
ИЗБОРЕТЕ СЕ СО АНКСИОЗНОСТА
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ПОИЗГОВОРЛИВИТЕ ИМИЊА КЛУЧ ЗА УСПЕХ
Четврток, 16 Февруари 2012
Слика
МУЗИКА И ЕМОЦИИ
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
3 ГОДИНИ ЛОЈАЛНОСТ
Вторник, 19 Април 2011

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



СЕ ЗА КУЧИЊАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 2.00 од можни 5)
прочитано 5998 пати
Понеделник, 29 Ноември 2010 23:28

Иако се сметаше дека поради рецесијата голем број кучешки производи  ќе  станат луксуз, сопствениците на кучиња и понатаму купуваат се за своите галеничиња, па дури и играчки.

 

куче на кревет

Економската криза го тресе целиот свет. Голем број на луѓе чувствуваат дека приходите веќе не им се доволни за нормален живот, и од ден на ден се чини дека имаме се помалку и помалку пари на располоагање. Кога сето ова ќе се земе во предвид, се чини разумно да се запрашаме дали луѓето се уште се подготвени да трошат пари на своите кучиња. Заради економската состојба, некои економисти и социолози предвидуваа дека луѓето ќе почнат до тој степен да се откажуваат од своите најдобри четвороножни пријатели, што прифатилиштата нема веќе да имаат доволно место за нив. Иако се сметаше дека голем број кучешки производи  ќе  станат луксуз, сопствениците на кучиња и понатаму купуваат се за своите галеничиња, па дури и играчки.

Американскиот Кенел Клуб реши да спроведе преглед со цел да види дали луѓето се подготвени да се откажат од некои свои удобности за да ги усреќат своите кучиња. Студијата се состоеше од преглед кој Кенел Клубот го постави на својот вебсајт. Илјада осумдесет и осум доброволци се пријавија да одговараат на прашањата. Резултатите беа изненадувачки. Еве некои од  нив:

  • 96% од испитаниците се подготвени да се откажат од својата навика на пиење кафе, само за да заштедат пари за потребите на одржување на кучињата.
  • 97% се волни да се откажат од јадењето по ресторани само заради потребите на своите миленици.
  • 94% наведоа дека се подготвени да ги намалат трошоците за гардероба.

куче во ресторан

  • 89% изјавија дека би го одложиле преуредувањето на домот доколку на тој начин заштедат повеќе пари за кучињата.
  • 88% рекоа дека би го одложиле купувањето на нов автомобил, или пак доколку веќе купуваат, би се решиле за поефтин модел.
  • 72% се волни да го откажат своето членство во теретани и клубови за вежбање.
  • 62% наведоа дека би ги откажале плановите за патувања оваа година доколку не се во можност со себа да ги понесат нивните кучиња.

куче на пат

Кога се работи за добросостојбата и здравјето на кучињата, луѓето се подготвени на прилично големи жртви:

  • 97% од испитаниците рекоа дека би ги откажале своите масажи и спа третмани за да имаат пари да ги платат ветеринарните сметки.
  • 78% изјавија дека би се откажале од третманот за избелување на забите за да можат да го платат годишното чистење на забите на своите кучиња.
  • 65% наведоа дека би јаделе готова или замрзната храна доколку тоа им овозможи да заштедат за висококвалитетна кучешка храна.

куче со паста за заби

  • 50% се волни да ја откажат кабловската или сателитската ТВ претплата за да можат да им ги обезбедат сите потребни нешта на своите миленици.
  • 59% се подготвени сами да си ја бојадисуваат косата или да си ставаат трајна за да можат да си дозволат да ги однесат своите кучиња на фризер.

Овие резултати само покажуваат колку се луѓето приврзани кон своите кучиња. Впрочем, не се само тие наши најдобри пријатели. И ние сме нивни, исто така.

куче на фризер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.