RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
РАЗЛИКИ МЕЃУ ЗАВИСТ И ЉУБОМОРА
Вторник, 23 Ноември 2010
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД АВИОФОБИЈА?
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО ПАТОТ ДО СРЕЌАТА
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
БИДЕТЕ ВРВЕН СПОРТИСТ
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
СВЕСНИ БЕБИЊА
Понеделник, 18 Јули 2011
Слика
ЗЕЛЕНО ЗА СРЕЌНИ РАБОТНИЦИ
Петок, 03 Декември 2010

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 6747 пати
Вторник, 13 Септември 2011 14:27

Голем број на истражувања потврдија дека нивото на стрес кај луѓето се намалува кога во близина имаат некое милениче.

 куче

Многу истражувања тестирале дали дружењето со миленичиња има некакво влијание врз човечкото здравје. Ова истражување покажува дека и миленичињата врз луѓето делуваат како позитивна терапија.

Се докажа дека вознемиреност и психолошкиот стрес се намалуваат кога се користат животните како терапија. Терапијата со миленичиња едноставно вклучува животни кои ги дружат луѓето со цел да им помогнат и физички и психички да се опорават. Години наназад се правеле испитувања за да се откријат придобивките од терапијата со миленичиња. Податоците од истражувањето на Ален од 2002 година покажуваат дека терапијата со животни го намалува стресот кај луѓето.

дете и куче

Стрес

Стресот е термин кој тешко се дефинира. Наједноставниот начин да се објасне стресот е да се замисли една ситуација во која една личност треба да се приспособи при некоја состојба која се менува. Иако се смета дека стресот е психолошко искуство, може исто така да влијае и врз физичката состојба на личноста. Сепак, важно е да се напомене дека ова искуство е субјективно. На пример, за едни летањето со авион или пак полагањето испит може да е многу возбудливо, за други истата ситуација може да е многу стресна.

животни

Резултати од влијанието на терапијата со животни врз стресот

Едно истражување спроведено од Сигел во 1990 година ја анализираше врската меѓу луѓето и животните врз основа на стресот. Експериментот го правеше со група пациенти. Пациентите рекоа дека животните им помогнале да се чувствуваат посигурни и сакани а исто така им годело нивното друштво. Податоците од ова истражување покажаа дека оние кои имале животни полесно се справувале со стресните ситуации отколку оние кои немале миленичиња.

Еден малку поразличен пристап при анализирањето на врската меѓу животните и луѓето имаше во 2001 година. Веб и Друмонд го избраа делфинот за да видат како влијае врз психолошката состојба на луѓето. Притоа, се надгледуваа луѓето кои пливаа во океанот со и без делфини. Резултатите покажаа дека кога пливале со делфини, луѓето го намалуваа сопственото ниво на стрес, со тоа што докажаа дека методот со делфините може да се користи како терапија.

човек и куче

Едно сосема различно испитување од 2002 година, пак, анализираше како животните влијаат врз луѓето во брак. Половина од испитаниците имаа милениче, а другата половина немаа. Сите исполнуваа задачи кои го зголемуваа нивото на стрес. Едната задача беше ментална аритметика а другата беше да држат ладна вода во рацете цели 120 секунди. Оние кои имале милениче до нив додека траел тестот имале понизок крвен притисок. Оние кои немале милениче не се покажале многу добро на тестот и покажале повисоки нивоа на стрес тколку оние кои имале милениче. Значи, податоците покажуваат дека животните можат да послужат како терапија за намалување на стресот кај луѓето.

Истражувања кои покажуваат дека терапијата со животни нема никакво влијание врз стресот

Едно истражување од 2001 година имаше за цел да анализира како кучето може да влијае врз психолошкото подобрување кај децата додека тие се на заболекар. Половина од децата кои учествувале во истражувањето беа во придружба на куче за време на операцијата, а другата половина не била. Резултатите покажаа дека нема значителни разлики во психолошката состојба кај децата од двете групи. Истражувањето исто така покажало дека оние деца кои биле повеќе напнати пред операцијата се смириле кога кучето им било во близина.

дете и куче

Иако постојат истражувања кои докажале дека животните го намалуваат стресот, последните истражувања открија дека животните всушност го зголемуваат стресот. Висдом, Грин и Саеди откриваат дека нивоата на стрес можат да се зголемат кога луѓето ги губат животните или пак се одбиени од нив. Тие исто така велат дека грижата за животното исто така го зголемува стресот. Тие сметаат дека грижата за безбедноста на животните може да ги преоптовари луѓето, а со тоа да предизвика дополнителен стрес.

Зошто се смета дека животните го намалуваат стресот

Една од причините зошто се смета дека животните помагаат при намалувањето на стресот кај луѓето е затоа што животните прават луѓето да се чувствуваат физички и емоционално сигурни со што се намалува стравот и вознемиреноста. Тоа е исто како кога детето се чувствува посигурно кога го гушка своето плишано мече.

Исто така, уште една можна причина е тоа што луѓето знаат дека животните не ги осудуваат.

Чувството на стрес е различно кај луѓето. И не мора да значи дека миленичето може да помогне во сите случаи, затоа што некои луѓе едноставно не сакаат животни и тие не можат да им помогнат при намалувањето на стресот.

маче

Колку е ефикасна терапијата со животни?

Многу истажувања ја поддржуваат теоријата дека терапијата со животни го намалува стресот кај луѓето. Сепак, не се знае дали има директен ефект. Можеби фукнционира само кај некои луѓе и не може да се каже дека генерално оваа теорија е точна.

Истражувањата кои го анализирале влијанието на миленичињата врз стресот кај луѓето треба да ги земе во предвид и позитивните и негативните страни, како што се парите кои се трошат на храна и ветеринар, ризиците од добивање некакви зарази и слично.

Исто така, истражувачите сметаат дека треба да се прават испитувања врз луѓе со високи нивоа на стрес, со тоа што ќе може да се одреди како влијаат животните и колку го намалуваат стресот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.