RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТЕРОРИСТИТЕ НЕ СЕ ЛОШИ ЛУЃЕ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ЕМОЦИОНАЛНА КОНТРОЛА
Вторник, 30 Август 2011
Слика
ОБЛЕКАТА ГО ПРАВИ ЧОВЕКОТ
Сабота, 22 Јануари 2011
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК НЕ Е ПРЕСУДЕН
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
БИОЛОГИЈА НА ЗАБОРАВАЊЕТО
Понеделник, 14 Мај 2012
Слика
СЕКСОТ ПРОДАВА...АКО СТЕ МАЖ
Сабота, 25 Декември 2010
Слика
СЕБЕ-ПОВРЕДУВАЊЕ
Четврток, 03 Ноември 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ДАЛИ КУЧИЊАТА ГЛЕДААТ ТЕЛЕВИЗИЈА??? PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3589 пати
Недела, 11 Септември 2011 14:45

Многу луѓе велат дека нивните кучиња целосно го игнорираат тоа што се гледа на телевизија, додека пак други велат дека нивните кучиња често обрнуваат внимание на тоа што се случува на тв екранот. Сепак, тоа зависи од многу фактори. Пред се', зависи од визуелната способност на кучето.

куче и деца гледаат телевизија

Ако сликите што ги гледаме на екранот ги сведеме на најпростата дорма, движењето што ќе го видиме е всушност светлина која минува преку нашите очи. Се' се сведува на моментално зголемување или намалување на светлината.

куче

За да се измере чувствителноста на светлина, поединецот гледа во осветлена табла. Ако бројот на трепкање е многу голем, и таблата изгледа како да е постојано осветлена. Ако е осветлена со флуоресцентна боја, ќе изгледа како постојано да сјае со една боја, а всушност ќе трепка со брзина од 120 трепкања во секунда. Во лабораторија, способноста за мерење на трепкањето се регулира со забавување на стапката на трепкање додека лицето не почувстува дека има трепкање. Кога луѓето биле тестирани, просечно луѓето забележувале дека светлината трепка кога стапката на трепкање била 55 пати во секунда. Постои можност да ги научете кучињата да ја направат оваа задача. Постојат кучиња кои препознаваат трепкање кога брзината е 75 пати во секунда.

куче гледа тв

Фактот дека кучињата полесно го перцепираат трепкањето се поклопува со ставот дека имаат подобра перцепција и за сликата во движење. Ова дава одговор и на често поставуваното прашање за тоа зошто кучињата не покажуваат интерес за сликите на телевизорот па дури и тогаш кога има емисија за кучиња. Трепкањето на екранот е 60 пати во секунда. За луѓето, ова е споена слика, затоа што тие немаат способност да го забележат трепкањето. На кучињата, тв екранот им делува како да трепка со голема брзина. Со тоа, сликите стануваат понереални, и затоа тие и не обрнуваат внимание. Сепак, напредокот на технологијата го менува бројот на кучињата што гледаат телевизија. Дигиталните екрани со висока резолуција се поинтересни за кучињата затоа што тука треперењата се побрзи и поспоени.

куче гледа куче на тв

Сепак, луѓето се изненадени на податокот дека нивното куче реагира кога има куче на екранот, или пак некакво друго животно кое набрзина претрчува, но не реагираат на цртани слики од кучиња. Ова е доказ дека кучињата имаат огромна способност за гледање и точно знаат да ги интерпретираат движечките слики. Кога едно куче гледа цртана слика од куче, препознава дека таа фигура се движи, но неговите потези не се прецизни и не се слични како движењата на реалните и живите животни. Значи, тогаш само гледаат дека нешто се движи, но не го препознаваат како куче или било какво друго животно.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.