RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛАЖНА СРЕЌА
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК НЕ Е ПРЕСУДЕН
Среда, 21 Септември 2011
Слика
ЖИВОТ ИЛИ СМРТ
Четврток, 15 Декември 2011
Слика
10 ВКУСНИ ЗАНИМЛИВОСТИ
Четврток, 10 Март 2011
Слика
МАШКИ ДОМАЌИНЛАК
Вторник, 23 Ноември 2010

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



СПРОТИВНОСТИТЕ НЕ СЕ ПРИВЛЕКУВААТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2966 пати
Сабота, 12 Февруари 2011 19:40

Двојките со слични карактеристики се многу подобри родители отколку оние со различни гледишта - барем во светот на зебрестите сипки.

сипки

Истражувачите од Ексетер открија дека птиците со изразени лични особини, како агресивно однесување или желба за истражување, беа многу подобри при воспитувањето на младите доколку имаа партнер со исти размислувања. Кога паровите беа со значителни разлики во личноста, пилињата не се снаоѓаа баш најдобро - беа недоволно ухранети и во послаба состојба.

Документите од истражувањето, објавено во списанието Animal Behaviour, не можат дефинитивно да ја утврдат причината за бенефициите во родителството со карактеристики кои се поклопуваат - но авторите велат дека причината можеби е подобрата соработка и координација во напорите.

сипка крај гнездо

Д-р Саша Дол, автор на студијата член на Центарот за екологија и конзервација на Универзитетот во Ексетер, вели: “Разликите во личноста на кои се фокусираме кај овие птици го рефлектираа начинот на нивното секојневно живеење.”

“Во случајот со зебрестите сипки, за да се биде добар родител треба да бидете способни да го координирате вашето однесување така што додека еден од родителите бара храна, другиот треба да го храни малечкото. Многу полесно е да го координирате своето однесување доколку сте слични во начинот вршење на работите.”

При оваа студија истражувачите се фокусираа на ‘личностите’ на една група зебрести сипки. Тие успеаа да дојдат до заклучок дека некои од нив покажуваа конзистентни обрасци на однесување, што нормално се рефлектираше врз различни нивоа на агресивност или желба за истражување. Често карактеристиките беа комбинирани, но некои сипки воопшто не ги демонстрираа истите.

двојка сипки

Потоа, двојките беа вештачки спарувани преку селекција на двојки кои беа истомисленици и некои кои имаа слични особини. После спарувањето, јајцата беа заменети и измешани помеѓу гнездата, се со цел да се издвојат генетските предности, наспроти бихејвиоралната компатибилност на родителите.

Експертите ги испитуваа животните додека ги хранеа своите малечки и го набљудуваа напредокот на младите за да откријат кои парови беа најдобри во улогата на родители.

јајца

Д-р Ник Ројл, друиот автор на студијата, вели: “Откривме дека доколку птиците имаа истражувачки карактер и нивните родители ја имаа таа особина, нивниот подмладок беше во многу добра состојба. Истото важи и за многу агресивните птици. Доколку еден од родителите ја покажуваше таа особина, пилињата поминуваа полошо.”

“Нашето истражување ја отфрли идејата дека тоа е резултат на генетската компатибилност, така да ова може да биде резултат на бихејвиоралната компатибилност на индивидуалците додека го воспитуваат својот подмладок.”

сипки на гранка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.