RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО ГЕСТОВИ ДО РЕШЕНИЈА
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
ШТО Е СИНЕСТЕЗИЈА?
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
СОНИШТА И ИДНИНА 1
Петок, 25 Март 2011
Слика
ФАТАЛНА СИРОМАШТИЈА
Петок, 21 Јануари 2011
Слика
ЕГО - ПОТЦЕНЕТО, НАДУЕНО ИЛИ РЕАЛНО
Понеделник, 28 Ноември 2011

Постигнувањето во општеството се проценува со погрешно дефинираниот критериум според кој принудно сте ставени во позиција другите да ви определуваат колку сте успешни.

Алберт Бандура



СПИЕЊЕ СО ЏЕКИ = БОЛЕСТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3616 пати
Вторник, 08 Февруари 2011 20:43

Ако спиете со вашето куче или маче, внимавајте! Изложени сте на ризик од разни заболувања.

двојка спие со куче

Бројот на жени кои спијат во ист кревет со нивните кучиња е поголем во споредба со мажите – покажува една студија од 2005 година на Американскиот оддел за чување кучиња.

Ако спиете со вашето куче, го бакнувате и дозволувате да ве лиже, постои веројатност дека ќе се разболите. Иако не се дел од истражување, постојат документирани случаи кои тврдат дека луѓето се заразуваат со инфекции од нивните миленичиња – велат истражувачи од Калифорнија.

Овие таканаречени зоонози вклучуваат зарази од миленичиња со болви, MRSA (Methicillin-Resistant Staphylococcus aureus) инфекција, бактериски инфекции отпорни на разни видови на антибиотици и неколку паразитски црви.

Бруно Комел, професор по ветеринарна медицина на Универзитетот во Калифорнија, вели дека истражувањето беше спроведено како реакција на приказните од студентите кои зборуваа како се однесуваат со своите миленичиња, како и поради самите сопственици на миленичиња.

дете со куче

„Во многу држави, луѓето ги третираат миленичињата како да им се деца и дури и претеруваат со нивната нега,“ – пишуваат Комел и  Бен Сан од одделот за јавно здравство во Калифорнија во магазинот Emerging Infectious Diseases.

Авторите цитираат истражувања направени во САД, Велика Британија, Франција и Холандија, каде од 14 до 45% од кучињата спијат на креветот на нивните сопственици, додека пак, за мачките, процентот се движи од 45 до 62 одсто. Според истражувањето од 2005 година, бројот на жените (25%) кои спијат во ист кревет со нивните миленичиња е поголем во споредба со мажите (16%).

маж со мачка во кревет

„Миленичињата се вистинско задоволство за домот, меѓутоа, сметам дека местото не им е во креветот,“ – вели Комел.

Од 1974 година наваму, голем број на луѓе се заразиле од чума преку мачките кои спиеле во нивните кревети (оваа болест се пренесува преку болвите). Во 2008 година, една студија откри дека луѓето кои се заразиле со бубонска чума спиеле заедно со нивните кучиња. Чумата кај кучињата е потешка за откривање; еден ветеринар многу полесно може да открие чума кај мачките бидејќи нивните симптоми се слични како и кај луѓето. Кучињата ретко заболуваат од оваа болест и немаат слични симптоми.

мачка

Неколкуте случаи на пастеролоза – бактериска инфекција што може да е акутна а исто така предизвикува пневмонија, загнојување па дури и инфекција на крвта, се појавиле кај луѓе кои спиеле со своите миленичиња, ги бакнувале и им дозволувале да ги лижат. Во еден од случаите, дете се заразило од пастеролоза откако две семејни кучиња му ги излижале дланките на неговото двегодишно братче кое потоа му го подало палецот на неговиот брат за овој да го лиже.

Еден млад пар се заразил од инфекцијата MRSA од семејното куче кое спиело со нив и им ги лижело лицата.

Во повеќе случаи, луѓето се заразиле со инфекции бидејќи им дозволиле на нивните кучиња или мачки да им ги лижат раните или оштетената кожа.

куче ја лиже сопственичката

Во САД, најчестите паразитски зоонози со кои се заразуваат луѓето се предизвикани од анкилостомите (Ancylostoma)  и номатодите (Toxocara canis), - откриваат истражувачите. Некои научници сметаат дека номатодите се пренесуваат врз луѓето при допир на кучешкото крзно.

Не се знае сигурно колку често се пренесуваат овие болести од животните на луѓето. Ова истражување се занимава само со документирани случаи. Комел нагласува дека, покрај децата кои се најранливи, треба да внимаваат и луѓето со слаб имун систем.

Истражувачите препорачуваат луѓето да избегнуваат спиење заедно со нивните миленичиња. Било кој дел кој го лижел миленичето – особено ако е отворена рана или ранливо лице – треба веднаш да се измие со сапун и вода. Исто така, треба да се води сметка и за чистотата на миленичињата кои мора да се носат на редовни ветеринарни прегледи.

ветеринар

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
0 #1 Скотоложништво во МКДJacques 09-04-2017 21:04
СВЕТО ПИСМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
svetopismo.pravoslavie.mk/.../...

Трета книга Мојсеева (Левит)
20. глава
Казни и разни големи гревови.

15. стих
"А, ако некој пристапи кај некое животно, за да се соедини со него, убиј го него и животното: тие треба да бидат убиени – виновни се.
16. стих
И жена ако пристапи до животно, да се соедини со него, да ги убиете и жената и животното – да умрат, виновни се."
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.