RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА PDF Печати Е-пошта
(7 гласови, просечно 4.43 од можни 5)
прочитано 7405 пати
Четврток, 23 Декември 2010 23:55

Како мачките успеваат да ве натераат да им удоволите на сите нивни желби, дури и кога не сте расположени?

мачка

Секој што некогаш чувал мачка знае дека е ужасно тешко да ја натера да направи нешто што таа не сака. Но сте се запрашале ли некогаш како тие толку лесно успеваат да ве поттикнат да ги исполните нивните желби?

Според извештајот објавен во списанието кое го издава "Cell Press", "Current Biology", мачките ги мотивираат луѓето да им ги наполнат чиниите со храна на тој начин што испраќаат еден вид измешан сигнал: плачлив или мјаукачки звук во рамките на предењето, кое е пријатно за ушите. Резултатот е повик кој луѓето општо земено тешко можат да го занемарат.

"Вметнувањето на плачлив звук со повик кој вообичаено не асоцира на задоволство е суптилно средство за измамување на одговор," изјави Карен МекКомб од Сасекс Универзитетот. "Предењето испреплетено со плачлив звук е веројатно поприфатливо за луѓето отколку чистото мјаукање, при кое најверојатно ќе ја исфрлат мачката од спалната соба." Таа укажува дека преку овој вид на комуникација мачката праќа сублиминална (потсвесна) порака, типувајќи притоа на вродената осетливост која луѓето и останатите цицачи ја имаат и која е релеватнтна при одгледувањето на подмладокот.

мачка мјаука

МекКомб изјави дека ја инспирирала нејзината мачка, која постојано ја буди наутро со упорно предење. Разговарајќи со други сопственици на мачки таа откри дека некои од нивните миленичиња исто така одлично го совладале истиот манипулативен трик. Како научник кој веќе ја има изучувано гласовната комуникација кај цицачите, од лавовите, па се до слоновите, таа реши да ја проучи и оваа појава во целост.

Се покажа дека тоа не е едноставни да се стори. Мачките ги користеа овие "молежливи" звуци приватно, но не и во присуство на непознати лица. Затоа нејзиниот тим мораше да ги обучи сопствениците на мачки да ги снимат овие звуци.

Во серија експерименти при кои беа репродуцирани криците, открија дека луѓето ги проценија снимените предења додека мачките активно бараа храна како поитни и помалку пријатни отколку оние во друг контекст, дури и ако никогаш не поседувале мачка.

мачка моли за храна

"Откривме дека пресуден фактор кој ја одредува итноста и пријатноста на предењето е необичен високофреквенциски елемент – кој потсетува на восклик или мјаукање – вграден во рамките на инаку природно нискофреквенциското предење," изјави МекКомб.

"Луѓето кои учествуваа во нашиот експеримент предењето кај кое овој елемент беше многу застапен го оценија како особено итно и непријатно." Кога тимот ги ре-синтетизира снимените предења и ги отстрани вметнатите високофреквенциски повици, предењето беше оценето како многу помалку итно.

мачки и храна

МекКомб изјави дека смета како овој повик се јавува на ниско ниво кај нормалното предење на мачките, "но ние сметаме дека мачките научиле драматично да го преувеличаат кога тоа ќе се покаже ефективно за добивање на одговор од луѓето." Всушност, не сите мачки го користат овој вид на предење, изјави таа, напоменувајќи како се чини дека овие повици најчесто се развиваат кај мачките кои имаат однос еден-на-еден со своите сопственици, за разлика од оние кои живеат во големи домаќинства, каде нивното предење може да биде незабележано од страна на помалку обучени луѓе.

Во тие случаи, вели таа, мачките се решаваат да прибегнат кон стандардното мјаукање.

мачка јаде

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  

Коментари  

 
+3 #1 RE: ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКАCvetanka 08-02-2011 18:02
Јас чувам мачка и не можам да опишам колку ми помага т.е. некако како да ми ја влечи целата негативна енергија. многу мили животинчиња се. :-)
Цитирај
 
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.