RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
АГОРАФОБИЈА
Среда, 17 Август 2011
Слика
70-ГОДИШНИ ГЕНИЈАЛЦИ
Вторник, 15 Февруари 2011
Слика
И НИЕ СМЕ ВОНЗЕМЈАНИ
Среда, 10 Август 2011
Слика
ИЗБРИШЕТЕ ГИ ГРДИТЕ СЕЌАВАЊА
Недела, 14 Ноември 2010
Слика
СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВРЗ МАЖИ
Среда, 24 Август 2011
Слика
НОЦЕБО - ЛОШИОТ БЛИЗНАК НА ПЛАЦЕБОТО
Четврток, 20 Септември 2012
Слика
ТОП 5 ФАКТИ ЗА СПИЕЊЕТО
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
ПСИХОНЕУРОИМУНОЛОГИЈА
Четврток, 14 Февруари 2013

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 4.67 од можни 5)
прочитано 12099 пати
Среда, 14 Декември 2011 09:10

Во нашиот мозок што тешко го разбираме има бранови кои, ако се користат претпазливо и одговорно, носат позитивно влијание во бројни научни истражувања.

мозочни бранови

Тета брановите се едни од шесте фрекфенции на мозочните бранови. Како што кажа проф. Д-р Карен Шу, тие се создаваат со електрични промени во нервните клетки на мозокот и можат да се видат со помош на електроенцефалограм, односно ЕЕГ.

Според клиниката Мајо, ЕЕГ користи електроди за мерење на електричните импулси со кои невроните комуницираат. Тета брановите се фреквенциите кои се создаваат со овие електрични импулси, а нивната фрекфенција се движи од 4 до 7 херци. Според Брент Филипс, тета брановите се поврзуваат со РЕМ фазата во спиењето, хипнозата, луцидното сонување и „полусвесната состојба пред заспивањето и после будењето."

типови мозочни бранови

Состојби на мозочните бранови и нивното погрешно толкување

Состојбите на мозочните бранови се кулминација на сите фрекфенции со една доминантна фрекфенција. Оваа теорија често е погрешно сфатена поради различните извори на информации кои тврдат дека има отсуство на другите фрекфенции на мозочните бранови. Друга причина за ваквото недоразбирање е тоа што овие состојби се одразуваат само преку нивната доминантна фрекфенција.

еег

Тета состојбата и нејзиното влијание врз луѓето

Кога мозокот е во тета состојба, тој е способен за подлабоко размислување, учење и развивање. Како што објаснува Бет Колман, тета брановите се сметаат за портали кои водат до учењето и меморијата. Преку медитација, тие стануваат поактивни, го подобруваат учењето и го намалуваат стресот. Медитацијата со тета брановите е еден вид обид да се постигне ефектот на длабоко размислување, учење и развивање во свесна состојба.

Постојат неколку придобивки од отстранувањето на параметрите на тета состојбата. Еве неколку:

  • Го продолжува животот
  • Го подобрува менталното здравје и добросостојбата не организмот
  • Го намалува крвниот притисок
  • Го подобрува спиењето
  • Го намалува стресот
  • Го забавува стареењето
  • Спречува појава на различни болести
  • Тета состојбата и фокусот

медитација

Постои врска помеѓу тета мозочните бранови и способноста, односно неспособноста за концентрација. Некои истражувања велат дека нашиот мозок е во тета состојба или пак е под доминација на тета бранови кога тешко ја задржуваме концентрацијата.

Ова објаснува зошто луѓето со ADD и ADHD не се способни да се фокусираат на одредена активност. Мозокот на ваквите луѓе често е во тета состојба, и токму затоа тие имаат пречки при концентрирањето.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.