RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
ЕМОЦИОНАЛНА КОНТРОЛА
Вторник, 30 Август 2011
Слика
КОКАИН КАКО НАГРАДА
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
СКАПО ИЛИ ЕФТИНО ВИНО - НЕМА РАЗЛИКА!
Понеделник, 15 Август 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ЛОШИТЕ СОНИШТА СЕ ДОБРИ ЗА ВАС PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5596 пати
Четврток, 25 Ноември 2010 23:07

Обичните лоши соништа може да бидат начин на кој мозокот ни помага да ги регулираме негативните емоции.

лоши соништа

Научниците и севкупната јавност долго време се обидуваа да ја одгатнат вистинската функција на соништата. Во изминативе неколку години, истражувањата од психологијата и  мозочната активност поврзана со сонувањето пружија некои назнаки околу тоа зошто често нашиот сон е исполнет со бизарни, и понекогаш застрашувачки слики.

Пишувајќи за списанието "Current Directions in Psychological Science", др. Рос Левин и Тор Нилсен посочуваат дека обичните лоши соништа се дел од мозочниот метод за обработка на емоциите. Всушност, велат тие, емотивната регулација може да биде примарна функција на РЕМ сонот, за време на кој и најчесто сонуваме.

разбуден маж

Кошмари

Наспроти вашиот обичен сон, кошмарите (лоши соништа од кои се будите облеани во пот) се појавуваат кога процесот на регулирање на емоциите не се одвива како што треба.

Лошите соништа не се ништо невообичаено. Истражувањата покажуваат дека повеќето наши соништа не се среќни.

"Прототип на сон е всушност лошиот сон," објасни Левин, психолог на Јешива Универзитетот во Њујорк кој е специјализиран за нарушувања на сонот. Се чини дека сме испрограмирани да ги негуваме негативните емоции - што во еволутивен контекст не е изненадувачки, според Левин, бидејќи внимателноста е предуслов за опстанок.

"Доколку не сте ја забележале опасноста, станувате нечиј ручек," забележа истражувачот.

кошмар

Обработка на страшни сеќавања

Соништата – или во поширока смисла, РЕМ сонот – ги обработуваат страшните сеќавања за да не дојде до преоптовареност на системот. Делчиња од нашите сеќавања "се фрлаат заедно во една соба и се мешаат," објасни Левин. Ова објаснување ги става лошите соништа во нов контекст и ги распрснува стравовите во врска со нив.

Истражувањата покажуваат дека за време на РЕМ сонот, активноста во одредени мозочни региони – тука спаѓа лимбичкиот систем, кој е вклучен во емоционалната регулација, и меморијата – значително се зголемува.

Сепак, со кошмарите, човекот се буди, прекинувајќи ја нормалната обработка на емоциите, според Левин и Нилсен. Будењето е моментално олеснување, забележува Левин, но тоа може на крајот да го засили чувството дека заканата од сонот била реална.

исплашено дете

Кошмарите се вообичаени

Повеќето луѓе имаат повремени кошмари, особено кога се под голем стрес. Истражувањата укажуваат дека 85% од возрасните имаат најмалку еден кошмар годишно.

Ноќните мори стануваат проблем само кога го попречуваат човековото нормално функционирање и во текот на денот, според Левин.

Луѓето кои со анксиозност одговараат на стрес се изложени на поголем ризик да имаат проблематични кошмари. Нивните ноќни мори може да им создадат проблеми во секојдневниот живот, а тоа пак од своја страна може да поттикне уште повеќе кошмари, укажуваат Левин и Нилсен.

кошмарен сон

Добрите вести се што поголемото разбирање за потеклото на кошмарите доведе до поефикасни терапии, според Левин.

На пример, вели тој, така наречената сликовно-повторувачка терапија – каде личноста во будна состојба ја замислува ноќната мора, а потоа ја менува нејзината содржина – се покажа како високо ефективна.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.