RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА "ЗАДНИОТ ВЛЕЗ"
Среда, 14 Декември 2011
Слика
МАСАЖА КАКО ЛЕК
Вторник, 26 Април 2011
Слика
ЕМОЦИИ И ПРЕДИЗВИЦИ
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ОГЛЕДАЛА ВО ВАШАТА ГЛАВА?
Среда, 11 Јануари 2012
Слика
И ПТИЦИТЕ МОЖАТ ДА ТАНЦУВААТ
Петок, 12 Ноември 2010
Слика
ПОЗИТИВНА ПРОЦЕНКА ЗА СРЕЌА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
„СУПЕРМАЈКИ“ ПИЈАНИЦИ
Среда, 21 Декември 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ХРАНА КОЈА ГО ПОТТИКНУВА МОЗОКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 15052 пати
Недела, 06 Ноември 2011 10:52

Постојат разни начини за зголемување на моќта на мозокот и еден од нив вклучува храна која промовира оптимално мозочно функционирање...

здрава храна

Дознајте што значи здравата храна за мозокот.

Мозокот ја има контролата дури и над најмалите движења на телото. Човековото тело без мозок е како автомобил без шофер. Нашата психичка и физичка благосостојба зависи од функционирањето на мозокот. Подоброто мозочно функционирње ни дозволува ефикасно да се справиме со стресот, го одржува високот ниво на енергија и обезбедува психичка јасност. Во денешниот начин на живот каде мораме да балансираме помеѓу работата во канцеларија и личните обврски, под оптималното функционирање на мозокот може да влијае како голема препрека за нашето напредување. Со оглед на овој факт, личноста мора да ја зголеми моќта на мозокот. Храната за изострување на мозочната моќ овозможува природен пат за подготовка на мозокот за нови предизвици со кои личноста мора да се соочи.

деца јадат јаболко

Храна за зајакнување на мозокот

Како да ја зголемите моќта на мозокот? Јадењето на вистинската храна може да придонесе за неизмерно подобрување на мозочната функција. За разлика од додатоците или билките, храната за подобрување на мозочната моќ се лесно достапни и не коштаат цело богатство. Следува дел од храната за зајакнување на мозокот:

омега 3

Храна богата со Омега 3 масни киселини

Студиите покажаа дека храната со висока концентрација на омега 3 масни киселини игра витална улога во подобрувањето на моќта на мозокот. Речиси 60% од мозокот се состои од есенцијални масни киселини и од таму доаѓа смислата за вклучува на ваква храна во диетата. Всушност, истражувањето потенцира дека внесувањето на храна богата со омега 3 есенцијални масни киселини е клучна за правилен развој на мозокот. Со цел да се подобри когнитивното функционирање на мозокот, личноста треба да го вклучи овој вид на храна во начинот на исхрана. Психичкото здравје, кое директно зависи од правилното функционирње на мозокот може значително да се подобри со внесувањето на оваа храна. Било да се работи за надминување на пречките во учењето, зголемување на нивото на концентрација или спречување на психички болести, луѓето тоа може да го постигнат со едноставно внесување на овие јадења во исхраната. Храна која е богата со омега 3 масни киселини е:

лосос

• Мрсна риба, на пример лосос или скуша

• Ленено семе

• Маслиново масло

салата

Храна богата со антиоксиданти

Забележано е дека со стареењето напоредно опаѓа и мозочното здравје. Се цел да се запре прогресивната детериорација на мозокот и да се одржи остроумен и на стари години, неопходно е на дневното мени да има храна богата со антиоксиданти. Антиоксидантите го штитат мозокот од оштетувањето со слободни радикали и ги спречуваат болестите како Алцхајмеровата. Антиоксидантите може да ја зголемат моќта на мозокот преку подобрување на меморијата и зголемување на когнитивните вештини. Студиите покажуваат и дека за ефикасно функционирње на мозокот, личноста не смее да си дозволи да ја избегнува храната богата со антиоксиданти. Така, нема да мора да се грижи за мозочните пореметувања поврзани со стареењето, доколку следните јадења богати со антиоксиданти станат интегрален дел од диетата:

карфиол

• Зеленчук кој вклучува компири, спанаќ, брокули, синап, зелје и карфиол

• Овошје кое вклучува боровинки, јагоди, сливи, суво грозје, црвено грозје, малинки и портокали

боровинки

Храна богата со протеини

Храната богата со протеини исто така ја зголемува моќта на мозокот. Јадењата кои се богати со протеини придонесуваат и за одржување на здраво мозочно функционирње. Недостигот на протеини во мозокот може негативно да влијае на меморијата и способностите за учење. Нашите неврони содржат билиони нервни клетки. Овие неврони меѓусебно комуницираат преку ослободувањето на невротрансмитери. Мозокот користи амино киселини, важен составен дел на протеинот за продуцирање на овие невротрансмитери. Некои од овие невротрансмитери се одговорни за контролирањето на емоциите како анксиозност и болка. Овие хемикалии се корисни и за предизвикување на сон, покачено ниво на енергија и промовирање на психичка благосостојба. Недостатокот на протеини го редуцираат производството на овие хемикалии, што може да предизвика омалаксаност и општа слабост. Затоа, за да се одржи нормално мозочно функционирање, личноста треба да се храни со следните јадења богати со протеини:

јаткасти плодови

• Јајца

• Јаткасти плодови (бадеми и лешници)

• Пилешко без кожа

• Соја

пилешко

Храна од интегрални зрна

Јадењето на храна со интегрални зрна е исто така неопходно за подобрување на мозочната активност. Интегралните зрна се одличен извор на витамин Б6, кој му овозможува на мозокот да продуцира невротрансмитери. Без сомневање, витаминот Б6 се смета за витамин на мозокот. Б комплекс витамините кои во изобилство се среќаваат во интегралните зрна обезбедуваат подобрување на мозочното функционирање. Храната богата со интегрални зрна вклучува:

интегрален леб

• Овесни снегулки

• Интегрален ориз

• Овесни трици

• Интегрални тестенини

Во целина, ова е дел од храната за зајакнување на мозокот кои го спречуваат стареењето на еден од најважните делови на телото. Покрај храната за зголемување на моќта на мозокот, личноста може да прифати и други стратегии како медитација, техники на длабоко дишење и внесување на билки како гинко билоба и рузмарин за подобрување на мозочната функција.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.