RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НАСМЕВКА ЗА ПОДОБАР БРАК
Среда, 10 Ноември 2010
Слика
МОЛЕКУЛ ЗА МЕМОРИЈА
Вторник, 08 Март 2011
Слика
МУЗИКА И ЕМОЦИИ
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
КОГА СПИЕТЕ, ВАШИОТ МОЗОК Е БУДЕН
Четврток, 04 Ноември 2010
Слика
ТОП 5 ФАКТИ ЗА СПИЕЊЕТО
Четврток, 24 Февруари 2011
Слика
ЕДИП И ЕЛЕКТРА
Среда, 09 Март 2011

„Ако единственото нешто што го поседувате е чекан, тогаш секој проблем ви се гледа како клинец“

Абрахам Маслов



ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5246 пати
Четврток, 03 Ноември 2011 18:22

Истражувачите од Медицинската школа во Харвард сметаат дека плацебо ефектот дејствува дури и кога пациентите се сосема свесни дека примаат медикаменти кои нема да им помогнат...

земање пилула

Плацебо медикаментите немаат активни состојки и најчесто се користат во клинички случаи. Сепак, научно се докажало дека пациентите често реагираат на нив, а досега се сметаше дека тоа е така заради моќта на "позитивната мисла" – надежта дека ако го премат лекот, ќе се чувствуваат подобро.

Меѓутоа, сеуште постои дебатата за тоа дали треба да се манипулираат пациентите, затоа што станува збор за етичка дилема. Професорот по медицина, Тед Капчук, заедно со својот тим реши да ја истражува моќта на плацебо ефектот, и дали може да се искористи со искрени и чисти намери.

капсули

За целта на истражувањето, 80 учесници со стомачни проблеми беа поделени на две групи: контролна група која не беше ставена под лекарства, и група на која два пати на ден им беа давани плацебо медикаменти и за нив им било кажано дека се само бомбони.

„Значи, не само што им било јасно кажано дека овие апчиња немале активна состојка, туку на самото шишенце пишувало дека се плацебо апчиња." – вели Капчук. „Им кажавме на пациентите дека не треба да веруваат на плацебо ефектот, нивно е само да ги примат медикаментите."

бомбони

Испитаниците беа под надзор во период од три недели, и на крајот, 59% од пациентите кои примале плацебо лекови имале подобрувања во споредба со 35% од контролната група.

„Мислев дека ова нема да успее," – вели Антони Лембо, професор по медицина.

„Ми беше малку чудно кога им велев на пациентите да примаат плацебо лекови. Но јас се изнанадив кога видов дека тие навистина им делуваат."

земање лекови

Авторите сметаат дека ова мало истражување го зголемува интересот за откривање како плацебо лековите делуваат дури и врз пациенти кои се целосно свесни – ова е една претпоставка која бара натамошно истражување.

„Како и да е," – вели Капчук, „овие податови покажуваат дека не влијае само позитивното размислување, туку станува збор за медицински ритуал. Плацебо ефектот дејствува дури и кога пациентите се свесни за тоа."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.