RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ТАТКОВСТВОТО ГИ МЕНУВА МАЖИТЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
СОВЕТИ ЗА УСПЕХ
Петок, 22 Април 2011
Слика
МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ ЗА МОЗОК
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ РАСКИНОТ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
КАКО ДА БИДЕТЕ ШАРМАНТНИ
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
ЖЕНИ И ТАЈНИ
Среда, 12 Јануари 2011

Несреќата најдобро се дефинира како разлика помеѓу нашите таленти и нашите очекувања.

Едвард де Боно



ЗОШТО СМЕ СИТЕ ЛУДИ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3117 пати
Вторник, 23 Ноември 2010 00:01

Природната селекција сака да бидеме луди – барем малку. Благодарение на тоа се развиле голем број нови ментални способности и инвалидитети.

ментални пореметувања

Менталните заболувања им го загорчуваат животот на 25% од Американците, според официјалните статистики. Но во реалноста сите ние сме помалку луди. И со добра причина: На природата и не и е баш многу гајле за нашата среќа.

Природната селекција сака да бидеме луди – барем малку. Иако намерата на природата не и е да станеме тешки психијатриски случаеви, многу нешта поврзани со нашето ментално здравје се нуспродукти на прекумерното функционирање на човечкиот мозок.

Во минатото, како што луѓето станувале се подобри готвачи, ловци и собирачи  на храна, растела и популацијата и ресурсите станале поограничени (делумно заради тоа што сме ловеле или јаделе некои животински и растителни врсти до истребување). Како резултат на тоа, не секој можел да се прехрани. Кооперативните врски биле од суштинско значење да се осигура пристапот до храна, преку одгледување или постратешки – со ловење, а оние кои немале развиени социјални инстинкти немале многу шанси да преживеат. Ова го тврди Дејвид Ц. Гири, автор на книгата "The Origin of Mind" и истражувач на Универзитетот во Мисури, САД.

На тој начин се развиле голем број нови ментални способности и инвалидитети.

изрази на лицето

Природата на радоста

Можеби се чини дека сегашниот човек еволуирал да биде среќен и хармоничен. Но природата се грижи за гените, а не за среќата, изјави Гири.

Менталните заболувања погодуваат еден од четворица Американци секоја година, според Националниот Институт за Ментално Здравје. И тука не спаѓаат оние кои патат од поумерени промени на расположението.

Со цел да објасни колку е чувствително нашето ментално здравје, Рендолф Нес во книгата "The Handbook of Evolutionary Psychology" го споредува човековиот мозок со тркачките коњи: Исто како што одгледувањето на коњите се врши со цел да имаат што подолги и побрзи нозе (но се подложни на падови и скршеници), сознајниот напредок помага да се развие мозокот – донекаде.

Да ги разгледаме вообичаените ментални состојби една по една.

Луѓето кои имаат агресивни и нарцистички карактеристики се најлесни за сфаќање во еволуциона смисла; сакаат во се да бидат први. Но дури и кога 16 милиони денешни луѓе би откриле дека лично Џингис Кан е нивни дамнешен предок, многу малку од тие потенцијални властодршци би го достигнале тоа ниво. Можеби за да не се претера со егоистичните потреби, се појавиле сочувството, вината и благата анксиозност.

На пример, првите наши предци кои имале способност да ги читаат изразите на лицата на останатите и да сочувствуваат биле во огромна предност. Тие можеле да го потврдат својот социјален статус и да ги убедат другите да поделат со нив храна или да им пружат засолниште. Но преголема емоционална острина – кога поединците премногу ја анализираат секоја гримаса – може да предизвика огромна анксиозност.

сочувствување со останатите

Размислување за иднината

Уште еден когнитивен "изум" овозможи да се споредуваат потенцијалните иднини. Додека другите животни се сконцентрирани на сегашноста, само луѓето, вели Гири, "седат и се премислуваат за тоа што ќе биде три години отсега ако го направам ова или она."  Нашата способност постојано и непрекинато да мислиме на некои работи може да биде контрапродуктивна и да доведе до опседнатост.

Сепак, според Гири, одредени видови на депресија може да бидат корисни. Умртвеноста и пореметената ментална состојба може да не спречат да посегнуваме по неоствариви цели – без оглед дали е тоа невозвратена љубов или возвишена социјална положба. Еволуцијата им дала предност на оние кои знаат да запрат и да ги преиспитаат своите амбиции, за сметка на слепите оптимисти кои беспотребно ја трошат својата енергија.

Природната селекција исто така овозможила појава на некои други пореметувања, како што е недостатокот на внимание. Брзото напуштање на малку стимулативна ситуација било покорисно за машките ловци отколку за женките кои собирале храна, пишува Нес. Тоа може да објасни зошто постои поголема веројатност дека момчињата ќе бидат пет пати повеќе хиперактивни од девојчињата.

хиперактивност

Слично, во својот најблаг облик, биполарното пореметување може да ја зголеми продуктивноста и креативноста. Биполарните индивидуи (и нивните роднини) исто така имаат повеќе секс за разлика од просечните луѓе, забележа Гери.

Сексот, и опстанокот на потомството, е целата поента – барем што се однесува до природата. Понекогаш непријатните ментални состојби доведуваат до поголем репродуктивен успех, вели Гири, "па така овие гени остануваат во генетскиот базен (збир од сите генетски информации на една популација во одреден временски период)."

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.