RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДАРЕЖЛИВА ВИСОЧИНА
Сабота, 07 Мај 2011
Слика
ЛОШИТЕ СОНИШТА СЕ ДОБРИ ЗА ВАС
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ЗОШТО ПЦУЕМЕ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
СО ПОЗИТИВНИ МИСЛИ ДО ЗДРАВЈЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
СРЕДНО, АХ СРЕДНО...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ЛИБЕРАЛИ ИЛИ КОНЗЕРВАТИВЦИ?
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
ЛАЖНА НАСМЕВКА
Четврток, 10 Март 2011

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



КОКАИН КАКО НАГРАДА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3255 пати
Понеделник, 22 Ноември 2010 23:00

Според најново истражување објавено во  списанието "Биолошка психијатрија", човечкиот мозок го перцепира кокаинот како награда.

кокаин

Кокаинот е една од најстарите познати дроги која започнува масовно да се користи кон крајот на 19-ти век. Истовремено, може да се каже дека навистина знаеме малку за нејзиниот ефект врз човековиот мозок или за механизмите кои доведуваат до зависност од неа. Најновиот натпис од др. Марко Лејтон при Невролошкиот Институт во Монтреал (НИМ), Мек Гил Универзитетот и Здравствениот Центар на МекГил Универзитетот, , не само што покажува дека мозокот реагира на кокаинот како на награда, туку исто така ја поврзува подложноста на зависност со овие механизми.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека шмркањето кокаин предизвикува лачење на големи количества допамин во централниот мозочен регион кој се вика стријатум. Допаминот се активира како одговор на мозокот на некоја награда или на дрога која создава зависност.

мозок на кокаин

Студијата беше спроведена врз 10 уживатели на кокаин (кои не беа зависници).

На денот на тестирањето сите тие вшмркаа кокаин, а наредниот ден земаа лажен бел прашок. Пред и по земањето на дрогата им беа направени тестови на крвта и им беше мерено нивото на допаминот со ПЕТ скенери.

"Способноста на кокаинот да го активира лачењето на допамин значително варираше од една до друга личност. Нашата студија укажува дека ова е поврзано со тоа колку личноста користела дрога во минатото," објасни Др. Лејтон. Колку повеќе некој користел кокаин за време на животот, толку повеќе мозокот ќе излачува допамин при секое наредно земање на "белиот прав". "Според тоа веројатно интензитетот на мозочната реакција на кокаинот како награда е поврзан со зголемена подложност на зависност," вели Др. Лејтон.

маж шмрка кокаин

Иако често беше демонстрирана поврзаноста на употребата на дрога со интензитетот на лачење на допаминот, истражувачите се уште не можат целосно да разберат како тој механизам функционира. Дали постојаната стимулација која мозокот ја перцепира како награда создава зависност, или пак можеби тоа го прави подложноста на зависност која доведува до зголемено лачење на допамин? На ова прашање не е лесно да се даде одговор, со оглед на тоа што и други фактори се во игра (на пример, други аспекти од човековиот личен историјат).

Кој и да е одговорот на претходното прашање, врската помеѓу допаминот и кокаинот значи дека овој хормон е потенцијална "мета" за лечење од зависност. Потребно е да се извршат повеќе испитувања пред третманите, но оваа студија ни отвора сосема нови хоризонти на истражување.

кокаинско пакување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.