RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ДА ГИ ПРЕЖИВЕЕТЕ ПРАЗНИЦИТЕ
Четврток, 30 Декември 2010
Слика
КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА?
Четврток, 02 Февруари 2012
Слика
ХИПНОЗА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА
Вторник, 20 Септември 2011
Слика
СИТЕ СМЕ ПАРАНОИЦИ
Среда, 08 Декември 2010
Слика
ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
ФУЛ МОЗОК
Вторник, 22 Март 2011

Разумот е како некоја јавна тајна која може да стане позната на секого во секое време; тоа е она тивко место каде што секој може да влезе преку својата мисла.

Карл Јасперс



ОТКРИЕН Е ГЕНОТ ЗА АВАНТУРИЗАМ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 2560 пати
Петок, 19 Ноември 2010 12:38

Дали сте авантурист по природа или не? Научниците открија дека наклонетоста кон ризици и нови нешта е детерминирана во вашиот мозок.

планински врв

Научниците од Wellcome Trust го идентификуваа клучниот регион во мозокот кој не поттикнува на авантура. Регионот, кој се наоѓа во примитивниот дел на мозокот, се активира кога избираме некоја непозната опција, укажувајќи ни на еволутивна предност при изборот на непознатото. Ова исто така може да објасни како ре-брендирањето на познати производи (како промена на дизајнот на опаковката и сл.) влијае врз нас да ги купиме од супермаркетите.

Во експеримент изведен во Wellcome Trust Центарот за Неуровизуелизација  при University College London, на доброволци им беа покажани неколку слики кои им беа добро познати. Секоја картичка носеше единствена можност за награда, и во тек на експериментот доброволците требаа да сфатат кој избор ќе им ја донесе највисоката награда. Сепак, кога им беа прикажани непознати слики, истражувачите открија дека доброволците беа повеќе склони да ризикуваат и изберат некоја непозната опција, отколку да продолжат со некоја позната и побезбедна варијанта.

пустинска авантура

Преку користење на ФМРИ скенери (кои го мерат дотокот на крв во мозокот за да покажат кој мозочен регион е особено активен) Др. Бјанка Витман и колегите покажаа дека кога субјектите ќе избереа непозната опција, дел од мозокот познат како вентрален стриатум се осветлуваше, што значи дека беше поактивен.  Вентралниот стриатум е еден од еволутивно примитивните делови на мозокот, што укажува дека процесот може да биде напреден, и дека се случува кај многу животни.

"Потрагата по нови и непознати доживувања е основна тенденција во однесувањето на луѓето и животните," вели Др. Витман. "Разбирливо е да се испробуваат нови опции бидејќи тоа може да биде голема предност на подолги патеки. На пример, мајмун кој избира да ги исфрли бананите од исхраната, дури и ако тоа подразбира дека ќе мора да се пресели во непознат дел од шумата и да започне да се прехранува со некој нов вид на храна, може да открие дека новата храна е поздрава и похранлива за него."

авантура со чамец

Кога правиме некој конкретен избор или кога ќе превземеме некое конкретно дејство кое на крајот ќе се покаже како поволно, "награда" ни е ослободувањето на невротрансмитери како допаминот. Овие "награди" ни помагаат да научиме кои однесувања се пожелни, носат поволности и се вредни за повторување. Вентралниот стриатум е една од клучните области кои ги обработуваат "наградите" во мозокот. Иако истражувачите не можат од ФМРИ скенирањата дефинитивно да кажат како потрагата по нови искуства се наградува, Др. Витман верува дека тоа се случува преку ослободување на допаминот.

Сепак, иако од една страна наградувањето за изборот на новини може да се покаже позитивно така што не охрабрува да донесеме правилен избор, од друга страна може да не направи поподложни на искористување.

спуштање со падобран

"Можеби ќе го земам моето омилено чоколадо, но ако здогледам друга марка, во ново пакување, со "нов, подобар вкус", мојата потрага по нови искуства ќе ме наведе да отстапам од мојот дотогашен избор," вели Др. Витман. "Ова ја преставува опасноста на продавање на "старо вино во ново пакување", и од ваквото однесување најголема корист имаат токму маркетинг одделите."

"Наградувањето" на мозокот за избор на нешто ново може да има уште посериозен спореден ефект, тврди професорот Нејтаниел Доу од Њу Јорк Универзитетот, кој исто така работеше на студијата.

"Бонусот со новините може да биде корисен така што ќе ни помогне кога сме нерешителни или треба да решиме некое сложено прашање, но јасно е дека овој ефект има можни негативни последици," вели професор Доу. "Кај луѓето, потрагата по новини може да игра битна улога во коцкањето и зависноста од дрога, и двете посредно поврзани со застој во ослободувањето на допаминот."

коцкање

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.