RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕКСОТ - ЛЕК ПРОТИВ НЕВРОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ПОПУЛАРНИ АГРЕСИВЦИ
Среда, 23 Февруари 2011
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД АВИОФОБИЈА?
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
САМО НЕ ПАРИТЕ
Вторник, 08 Февруари 2011
Слика
КАКОВ БИЛ СЕКСОТ ПРЕД ТРИ ВЕКА?
Петок, 03 Декември 2010
Слика
КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА НАШЕТО ТЕЛО Е НАШЕ?
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
СО ЕМОЦИИ ДО ЗДРАВА ИСХРАНА
Вторник, 09 Ноември 2010

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



ПРЕМАЛКУ ИЛИ ПРЕМНОГУ СОН ГО СТАРЕЕ МОЗОКОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4497 пати
Вторник, 13 Септември 2011 16:02

Сите знаеме какво е чувството кога сме ненаспани: не можеме да се концентрираме и да размислуваме логично, не ни се зборува и возиме како да сме пијани.

девојка спие

Но што ако секојдневно го прескокнуваме спиењето? Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа на вечер, мозокот побрзо старее, покажува едно истражување објавено во списанието Sleep. Од друга страна, изненадува и фактот дека и премногу спиење – повеќе од 9 часа – исто така е поврзано со побрзо стареење на мозокот.

Европските истражувачи го испитуваа спиењето на повеќе од 5 000 средновечни луѓе во текот на 5 години и открија дека оние кои преминале од нормално спиење од 8 часа на повеќе или помалку имаа брз пад на меморијата, слаби когнитивни способности и послаба употреба на речник при комуницирањето во споредба со оние кои спиеле нормално.

маж

Истражувачите дојдоа до знаење дека разликите во когнитивните способности кај луѓето се релативно мали, но додадоа дека тие се показатели за долгорочните исходи како што се стареењето и деменцијата.

Истражувањето ја откри врската меѓу краткиот сон и намалувањето на менталната функција, но не покажа дали првото го предизвикува второто. Постојат и други фактори кои можат да влијаат врз сонот, на пример депресијата и хроничните болести или дури и одредени медикаменти – овие фактори истражувањето не ги вклучи – а баш тие можат да влијаат врз губењето на меморијата и заматувањето на мозокот.

маж и будилник

„Ова се потенцијални објаснувања и во иднина мора да продолжиме да истражуваме," – вели лидерот на истражувањето Џери Фери од медицинската школа во Лондон.

Сеуште не се знае дали подолгото спиење пак ја подобрува работата на мозокот. Фери вели дека оние кои подолго спијат, поретко имаат криза со спиењето.

тест за интелигенција

Во целина, истражувањето дава докази дека краткиот сон е лош за здравјето. „Краткиот сон влијае врз работата на мозокот, го зголемува ризикот за срцев удар и дијабетис па дури и го намалува животот," – вели доктор Лоренс Епштајн, специјалист на медицинската школа во Харвард.

Нашиот мозок зависи од сонот и од тоа како ги организираме задачите во текот на денот – спиењето ни помага да го исчистиме целиот хаос што ни го донесол денот. „Сонот е време кога се смируваме и ја формираме меморијата," – вели Епштајн.

Постојат луѓе кои сакаат да спијат нормално, 7-8 часа во ноќта, но исто така има луѓе на кои им треба помалку сон.

жена спие

Како да дознаеме колку часа треба да спиеме?

Легнете една ноќ, се препорачува тоа да е на почетокот од неделата кога немате недостиг на сон и сте одморени – и не местете аларм, оставете телото природно да се разбуди следното утро и видете како ќе се чувствувате во текот на денот.

Ако се чувствувате добро и не ви се спие, значи дека сте се наспале, вели Епштајн.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.