RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
7 ТИПОВИ НА МАЖИ ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ
Понеделник, 11 Јули 2011
Слика
СЕ СМРЗНАВ ОД СТРАВ
Понеделник, 10 Јануари 2011
Слика
КАКО ПРОТИВ КРЕАТИВНАТА БЛОКАДА?
Четврток, 02 Февруари 2012
Слика
ИНТЕРПЕРСОНАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Понеделник, 18 Април 2011
Слика
ГРУПИТЕ ВЕ ОГЛУПУВААТ!?
Вторник, 21 Февруари 2012
Слика
ПОДЕТАЛНО ЗА КЛЕПТОМАНИЈАТА
Четврток, 15 Декември 2011
Слика
ОД ВАС ЗАВИСИ
Понеделник, 22 Ноември 2010

„Токму она што го знаеме е тоа што не спречува да научиме нешто“

Клод Бернард



КРЕАТИВНА ХЕМИКАЛИЈА ЗА УМНИ ЛУЃЕ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4258 пати
Четврток, 18 Ноември 2010 19:21

Креативноста не е само наплив од идеи – мозочните мерења на "креативна хемикалија" открија сложено взаемно дејствување помеѓу генијалноста и интелегенцијата.

 

креативност

Додека високото ниво на оваа хемикалија во одреден дел од мозокот ја поттикнува креативноста кај навистина паметните луѓе, кај просечно интелегентните се случува спротивното.

Н-ацетил-аспартат (НАА) се наоѓа во невроните и се чини дека е поврзана со нервното здравје и метаболизмот. Рекс Јунг од Универзитетот на Ново Мексико во Албукерки и неговите колеги веќе знаеја дека високите нивоа на НАА во левата париетално-окципитална половина, која управува со сензорните и визуелни информации, се поврзани со интелегенцијата.

Со цел да истражат дали НАА игра некаква улога во креативноста, тимот на Јунг изврши мерење на НАА во различни мозочни региони кај 56 мажи и жени на возраст од 18 до 39 години. Тие исто така им ја тестираа општата интелегенција и, поконкретно, нивната способност за неограничено размислување, битен фактор во креативноста кој подразбира осмислување на нови идеи, на пример нова примена за секојдневните нешта.

креативно наредени боици

Се на се, креативноста на волонтерите соодветствуваше со нивоата на НАА во мозочниот регион наречен антериорен цингуларен гирус (АЦГ) , кој ја регулира активноста на челната мозочна кора – вклучена во повисоки ментални функции. Но додека ниските нивоа на НАА во АЦГ беа поврзани со зголемена креативност кај просечно интелегентни луѓе, кај оние со IQ над 120, се случуваше обратно.

Јунг претпоставува дека ако има помалку НАА да ја регулира активноста на челната мозочна кора кај "просечните" мозоци, тие се послободни во размислувањето и полесно доаѓаат до нови идеи. Сепак, кај натпросечно интелегентните луѓе се чини дека поцврста контрола врз челната мозочна кора ја зголемува креативноста. Можеби ова се случува заради тоа што тие ионака почесто доаѓаат до нови идеи, и посилната контрола им овозможува да ја "усовршат" таа способност.

намалена креативност

"Луѓето велат дека морате да ги пуштите Вашите мисли слободно да талкаат за да бидете креативни," вели Јунг. "За просечно интелегентните луѓе, веројатно е точно дека морате да активирате повеќе региони на Вашата челната мозочна кора со цел да дојдете до некое ново креативно сознание, но кај поинтелегентните се случува нешто друго."

Пол Хауард-Џонс од Универзитетот во Бристол, Велика Британија, се согласува дека различни когнитивни (сознајни) процеси можат да претставуваат основа за креативноста кај луѓе со различен IQ. "Ова ги поддржува бихејвиористичките докази дека IQ-то е само почеток во зависност од кој се менува односот со креативноста," вели тој.

Сепак, и Хауард Џонс и Кенет Хејлмен од Универзитетот во Флорида предупредуваат дека Јунговите заклучоци остануваат претпоставки, со оглед на тоа дека се уште не разбираме детално како НАА влијае врз невроните.

сликање

Хејлмен додава дека би било интересно да се испита дали НАА е во меѓусебна поврзаност со креативниот аспект познат како конвергентно размислување – способност да се поврзат голем број индивидуални фактори во една област.

Јунг исто така верува дека неговите наоди фрлаат нова светлина врз тоа како работеле генијалните умови – на пример, Анштајн. "Не верувам дека некогаш му бил измерен IQ, но најверојатно било околу 120 – висок, но не премногу," вели тој. "Би сакал да видам како изгледал неговиот АЦГ, бидејќи интелегенцијата сама по себе не го довела тој степен, туку според мене тоа била интелегенција здружена со креативност."

Ајнштајн

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.