RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
БИОЛОШКА ОСНОВА НА КРЕАТИВНОСТА
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ЛАЖНА СРЕЌА
Среда, 02 Февруари 2011
Слика
ИНТЕРНЕТОТ И НЕВЕРСТВОТО
Петок, 02 Септември 2011
Слика
5 ПРИЧИНИ ЗА НЕУСПЕХ
Понеделник, 29 Октомври 2012
Слика
И НИЕ СМЕ ВОНЗЕМЈАНИ
Среда, 10 Август 2011
Слика
6 ПРАВИЛА ЗА ОДЛИЧЕН СЕКС
Четврток, 20 Јануари 2011
Слика
ДРУШТВЕНА АМИГДАЛА
Вторник, 01 Март 2011

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



АЛКОХОЛОТ ДОБАР ЗА МЕМОРИЈАТА?! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 5888 пати
Вторник, 09 Август 2011 12:30

Конзумирањето алкохолот помага некои предели од нашиот мозок да учат и паметат информации подобро, вели едно ново истражување од Waggoner Center for Alcohol and Addiction Research at The University of Texas.

дечко со алкохолно мени

Генералното мислење  дека алкохолот е лош за учењето и за меморијата не е погрешно, вели невробиологот Хитоши Морикава, но тоа нагласува  само еден од ефектите кои  конзумирањето на етанолот ги предизвикуваат во мозокот.
„Најчесто, кога зборуваме за учење и за меморија, мислиме на свесната меморија,“ – вели Морикава. „Алкохолот ја намалува способноста да се сетиме на ситни информации како што е името на нашиот колега, дефиницијата за некој збор или пак каде сме го паркирале автомобилот. Но и нашата потсвест исто така учи и запомнува, и алкохолот всушност може да го зголеми капацитетот за паметење.“

меморија
Истражувањето на Морикава кое откри дека честото изложување на етанол ја зголемува пластичноста на синапсите во клучните предели на мозокот е само уште еден доказ кој го потврдува мислењето на заедницата на невронаучници кои сметаат дека зависноста од дрога или алкохол е во основа нарушување на учењето и меморијата.
Кога пиеме алкохол (или користиме хероин, кокаин или метамфетамини), нашата потсвест учи да користи се’ повеќе вакви супстанции. Но тоа не престанува тука. Со тоа, нашата потсвесна меморија складира информации за храна, музика, луѓе и ситуации од општествениот живот.
Морикава смета дека алкохоличарите не се зависни од искуството или пак задоволството што го добиваат од пиењето алкохол. Тие се зависни од самото поставување на факторите на околината, однесувањето и психолошките елементи кои се засилени кога алкохолот предизвикува ослободување на допамин во мозокот.

човек се обидува да се сети
„Луѓето го сметаат допаминот за предизвикувач на среќа и задоволство, но тој пред се’ го активира мозокот за учење,“ – вели Морикава. „Ги зајакнува синапсите кои се активни кога се ослободува допаминот.“
Алкохолот не’ учи за наградувањето. Учиме дека одењето во кафуле и дружењето со пријателите, пиењето кафе и слушањето на некои видови на музика се награди. Колку повеќе ги практикуваме овие работи додека пиеме, толку повеќе се ослободува допамин а со тоа се’ повеќе се активираат одредени синапси.

алкохоличар
Морикава смета дека ако подобро се сфати невробиолошката основа на зависноста, ќе можат да се произведат лекови против зависност кои ќе ја намалат наместо да ја засилат активноста на клучните синапси. И ако тој би можел да го постигне ова, би можел да ги избрише сите податоци за зависност во потсвеста.
„Зборуваме за отстранување на работите,“ – вели Морикава. „Изгледа малку страшно затоа што зборуваме за супстанција која може да го контролира умот. Нашата цел е да ги повратиме аспектите на контролирање на умот што ги предизвикуваат дрогите кои создаваат зависност.“

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.