RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СТО ЦЕНТИ ПОВРЕДНИ ОД ЕДЕН ДОЛАР
Вторник, 09 Ноември 2010
Слика
БИНГО ЗА СИРОМАСИ
Сабота, 18 Декември 2010
Слика
РАБОТА ИЛИ СЕМЕЈСТВО
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ПАРИТЕ И СЛАВАТА СЕ НЕСРЕЌА?
Петок, 26 Ноември 2010
Слика
КОГА ПСИХОЛОЗИТЕ "ГРЕШАТ"
Сабота, 15 Октомври 2011
Слика
ГЕН ЗА АУТИЗАМ
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ВОЈНИЧКО РОБОТСКА ЉУБОВ
Понеделник, 29 Ноември 2010

„Повеќето од сликите кои ги имаме за реалноста врз кои го базираме нашето однесување всушност се темелат на посакувани искуства“

Алберт Бандура



МОЗОК ИСТО ШТО И КОМПЈУТЕР PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3371 пати
Вторник, 09 Август 2011 12:09

Чиповите базирани на ARM технологијата за процесори ќе бидат меѓусебно поврзани за да ги симулираат многу сложените процеси во мозокот, чија функционалност доаѓа од мрежите од билиони меѓусебно силно поврзани неврони.

арм чип

Чиповите од кои критично зависи оваа работа пристигнаа и ги поминаа тестовите на функционалност со извонредни резултати.
Тие ќе ја формираат системската архитектура на масивен компјутер, наречен SpiNNaker (Spiking Neural Network architecture), кој има за цел да ги имитира посебните мозочни функции.
SpiNNaker може да биде клучна алатка за невролозите, психолозите и докторите за да им помогне да ги разберат комплексните мозочни повреди, болести и состојби, како и да ги откријат најефективните терапии.
Иако ќе има дури до еден милион ARM процесори, - технологијата која се користи во повеќето мобилни телефони - во конечната SpiNNaker машина, компјутерките научници истакнуваат дека тоа ќе им овозможи повторно да ги создадат модели од само 1% од човечкиот мозок.

мозок
Истражувачите, водени од професор Стив Фурбер, веруваат дека машината ќе биде витална алатка за невролозите и психолозите да ги тестираат хипотезите за одредени мозочни карактеристики.
Клучниот предизвик е развивањето и разбирањето на обработката на информациите од мозокот и екстремно високата поврзаност на мозочните клетки. Постојат 100 билиони неврони со 1000 милиони врски во човечкиот мозок. Во овој систем, невроните емитуваат импулси кои се пренесуваат како мали електрични сигнали. Секој импулс е моделиран во SpiNNaker како пакет од податоци, многу намалена верзија од начинот на кој интернетот ги пренесува информациите.
Овој пакет потоа се испраќа до сите поврзани неврони. Невроните се претставени преку мали едноставни равенки кои се решаваат во реално време од софтвер кој работи на ARM процесорите.

синапси
Електронските врски во SpiNNaker ги пренесуваат овие импулси многу побрзо отколку биолошките врски во мозокот, значи SpiNNaker може да пренесува импулси исто ефикасно и брзо со многу помалку врски.
Тестовните чипови беа произведени во 2009 година, но сега целосните чипови, дизајнирани во Манчестер и произведени во Тајван, се доставени и ќе им овозможат на научниците да развијат многу поголеми системи кои може да го моделираат мозокот. Секој чип содржи 18 ARM процесори.
Професор Фурбер, од Школата за компјутерска наука, вели: “Се надеваме дека машината ќе биде во можност да ги моделира важните функции од човечкиот мозок и ќе ни помогне да стекнеме клучен увид во нивните принципи на оперирање.”
“Развивањето и разбирањето на процесирањето на информациите во мозокот е клучно. Ние активно се ангажираме со невролозите и психолозите, на Универзитетот и секаде низ светот.”

напредна технологија
“Ова може на крајот да биде од голема помош за пациентите, на пример, оние со проблеми во читањето предизвикани од потрес или слични мозочни повреди. Психолозите веќе развија невронски мрежи врз кои може да ги препродуцираат клиничките патологии.”
“Потоа тие ги користат мрежите да ги тестираат алтернативните терапии, да откријат која е најефикасна во лекувањето на сипмтомите на пациентите. Сега тие се лимитирани во веродостојноста која може да ја постигнат со овие мрежи преку достапната компјутерска моќ, но се надеваме дека SpiNNaker ќе ја подигне таа граница многу повисоко.”
“Ние не знаеме како работи мозокот како систем за процесирање на информации и треба да го откриеме тоа. Се надеваме дека нашата машина ќе овозможи значаен прогрес кон достигнувањето на ова разбирање.”

мозок и компјутер

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.