RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Ако не ги изразите своите оригинални идеи, ако не го слушате сопственото битие, вие сте се издале себеси.

Роло Меј



ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПО ЖЕЛБА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 4103 пати
Вторник, 09 Август 2011 11:54

Мислата дека можете да станете попаметни всушност и Ве прави попаметни...

глобална интелигенција

Ако размислувате за интелигенцијата како нешто што може да се менува а не е стабилно и фиксно, резултира со повисоко академско постигнување, особено за луѓе кои имаат стереотипи за нивната интелигенција.
Дали луѓето навистина можат да станат попаметни? Дали некои расни или социјални групи се попаметни од други? И покрај многуте податоци кои укажуваат на спротивното, многумина веруваат дека интелигенцијата е фиксна и дека постојат расни или социјални групи кои се попаметни од другите. Со тоа што ги посочувате како групи (жени или црна раса), доволно е да им нанесете штета врз нивното академско постигнување. Клод Стил, социјален психолог, заедно со неговите колеги го нарекоа овој феномен “стереотипна закана”.

студенти полагаат испит
Од друга страна, психолозите Аронсон, Фрид и Гуд развиле противотров на оваа стереотипна закана. Тие ги научија студентите од црната раса а и европските студенти во Америка да размислуваат за интелигенцијата како променлива категорија – тоа е една психолошка студија што многумина ја сметаат за вистинита. Постоеше и група на студенти кои не беа поучувани за оваа појава. Оние кои научија дека интелигенцијата се менува, го подобрија нивниот успех повеќе отколку оние што не го слушаа тоа предавање. Уште поизненадувачки беше фактот дека студентите од црната раса имаа поголеми придобивки после откривањето на природата на интелигенцијата отколку студентите од белата раса, што покажа дека оваа интервенција сосема успешно се бори со стереотипната закана.

неврони
Ова истражување укажа на релативно лесниот начин да се збие јазолот меѓу успешноста на студентите од белата и црната раса. Со самото сфаќање дека интелигенцијата може да се подобри, особено во оние групи кои се посочени за “помалку интелигентни”, всушност и автоматски предизвикува подобрување на интелигенцијата.
Неодамна оваа теорија беше испробана во пракса кај децата од седмо одделение во едно училиште во Њујорк. Во текот на првите осум недели од полугодието, децата станаа свесни дека интелигенцијата се подобрува со читање и дискусии за тоа како се развива интелигенцијата. Имаше и група која не го слушаше предавањето. Во споредба со другите, оние кои научија дека интелигенцијата е променлива имаа повисока академска мотивација, подобро однесување и подобар успех во математика.

студенти

Исто така, оние кои беа дел од “ранливи групи”(оние кои сметаа дека интелигенцијата е фиксна, оние кои имале лош успех по математика како и сите женски ученички), имаа подобри оцени по математика после целото предавање, додека пак оцените на истите деца од другата група која не го слушала предавањето се намалувале. Всушност, женските кои го слушаа предавањето беа на исто ниво или подобри од машките, додека пак женските од групата која не го слушала предавањето имале пад на успехот.
Овие податоци се навистина значајни затоа што беа потребни само три часа за да се промени начинот на размислување. Што значи, станува збор за сосема практичен метод кој го подобрува академскиот успех кај студентите.

хомер симсон

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.