RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЖИВОТНИТЕ УЧАТ ПРЕД РАЃАЊЕТО
Понеделник, 01 Ноември 2010
Слика
СЕКСОТ - ЛЕК ПРОТИВ НЕВРОЗА
Среда, 17 Август 2011
Слика
ЗОШТО ТАГУВАМЕ ПО СТРАНЦИ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
ДАВАЊЕ И ПРИМАЊЕ
Сабота, 20 Ноември 2010
Слика
НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА УЧЕН
Четврток, 17 Март 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



СТАРИТЕ ДОБРИ ДЕНОВИ - НЕ БАШ! PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3467 пати
Петок, 05 Август 2011 12:44

Зошто секогаш мислиме дека животот бил подобар во други времиња...?

стара и нова фотографија

Кога мислиме на старите добри времиња, активираме неврохемикалии што ни предизвикуваат пријатни чувства. Оттука може да се заклучи дека животот бил подобар во минатото. Но, ако навистина сте живееле во минатото, сигурно немаше да размислувате така. Ако живеевте во минатото, немаше да имате право да ги избирате Вашите партнери. Вашите родители ќе Ви одбираа партнери кои тие ќе можеа да ги искористат.
Постојано ќе бевте валкани. Тогаш немало вода или пак тоалетна хартија, и постојано ќе се чувствувавте како да живеете во камп. Храната ќе Ви беше заразена од секакви бактерии а за водата не треба ни да зборуваме.
Да живеевте во минатото, постојано ќе бевте исплашени. Смртта ќе ги земаше луѓето околу Вас, а објаснувањето што ќе го добиевте за тоа зошто толку луѓе умираат уште повеќе ќе Ве исплашеше. Немаше да можете да го напуштите селото затоа што тоа би било премногу опасно. Постојано ќе очекувавте напади, глад и секојдневно семејно насилство.

голи и гладни деца
Денес сме побезбедни, почисти и слободно можеме да си избираме партнери, но луѓето сеуште се убедени дека сега работите се ужасни, Зошто мислиме дека животот бил подобар во минатото?
Затоа што нашиот мозок се фокусира на тоа што ни недостига, а она што го има, го зема здраво за готово. Ако мислиме дека ни недостасуваат опуштените вечери со пријателите, постојано ќе се присетуваме на тие настани од минатото, и затоа ќе ни се чини дека ни било подобро во минатото. Кога нешто ни недостасува, мозокот алармира дека нашиот опстанок е во опасност. Очигледно е дека не е никаква опасност да ни недостасува вечера со пријателите, но тоа во мозокот изгледа како голем проблем. Она што ни недостасува во моментот е итно, а она што ни недостасувало во минатото е само минато и ништо друго.

Навистина, разгледајте ги овие факти:

1. Кога биле направени експерименти врз мајмуни на кои наместо лисја, како награда им биле давани сокови, кај мајмуните бил забележано зголемување на допаминот. Но, нивото на допаминот брзо опаѓа, уште додека мајмуните го пиеле сокот. Потоа, научниците пак почнале да им даваат лисја, и тогаш мајмуните збеснале. Иако на почеток биле задоволни со лисјата, кога сфатиле дека веќе нема да ги добиваат, кај нив се активирале хемикалии кои предизвикуваат вознемиреност, дури и кога станува збор за нешто сосема небитно. Кога добиле нешто друго, веднаш станале повесели, но тоа се случувало само на почеток. Кога се привикнуваат на нешто ново, почнуваат да жалат по старото.

мајмун јади листови
2. Мозокот веднаш ја регистрира болката. Во минатото, болката била дел од секојдневниот живот поради појавата на глад, повреди, болести и насилство. Денес, физичката болка е помала, но сега вниманието го привлекува општествената болка. Општествената болка ја обработуваме преку системи кои еволуирале низ процесот на загрозување на животот, и затоа, наместо да уживаме во опуштената атмосфера во еден ресторан, ние си бараме проблеми.

валкан тоалет

3. Инстинктот предизвикува активирање на неврохемикалии. На пример, еден запуштен јавен тоалет предизвикува повеќе одбивност отколку да читате за полските тоалeти и отворени канализации од минатото, затоа што сте свесни само за сегашното искуство со валканиот тоалет. Денешното страдање Ви изгледа поголемо отколку тоа во минатото затоа што директно го чувствувате. Луѓето мислат дека денес животот е најтежок, а никогаш не почувствувале како се живеело во минатото.

Кога животот Ви тргнува надолу, се навраќате на Вашето славно минато. Кога го правите тоа, стимулирате чувства на среќа што се реални. И поради тоа, лесно се убедувате дека животот во друго време и на друго место е поубав. Лесно е да ги игнорирате убавините на сегашноста, се' додека не сфатите како функционира Вашиот мозок.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.