RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



КОМПЈУТЕРСКИ МОЗОК НА ИДНИНАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3106 пати
Среда, 03 Август 2011 14:36

 За прв пат, научниците велат дека стигнале чекор поблиску до целта: да изградат компјутерски модел на мозокот откако ќе ги откријат врските и функциите на нервните клетки во мозокот.

мозок со чип
Научниците од Универзитетот во Лондон ја опишуваат техниката која ја развиле кај глувците која им овозможила да ги комбинираат информациите за функцијата на невроните заедно со информациите од нивните врски.
Истражувањето е дел од новата гранка на невронауката наречена ‘конектомија’. Слична на геномиката која ја изучува генетската структура, конектомиката се занимава со проучување на врските на мозокот наречени синапси.
„Почнуваме да ја разоткриваме комплексноста на мозокот,“ – вели Том Мрсиц – Флогел, лидер на истражувањето.
„Кога ќе ја сфатиме функцијата и врската помеѓу нервните клетки во различни предели во мозокот, можеме да почнеме да работиме на компјутерски модел за тоа како функционира овој исклучителен човечки орган.“

неурон
Меѓутоа, тој смета дека ќе поминат многу години и научниците ќе треба да работат многу за да можат да го осмислат овој модел.
Во извештајот за ова истражување, Мрсиц-Флогел објаснува дека откривањето на врските во мозокот не е мала работа – постојат околу сто милијарди нервни клетки (неврони) во мозокот, и секој е поврзан со илјадници други неврони, со што се добиваат околу 250 трилиони синапси.
„За да откриеме како функционира мозокот мора прво да ја откриеме функцијата на секој неврон и со кои други клетки во мозокот се поврзува,“ – вели тој.

синапса
Тимот на Мрсиц-Флогел се фокусира на визуелниот кортекс на мозокот на глушецот кој содржи илјадници неврони и милиони различни врски.
Со помош на слики со висока резолуција, тие анализираа кој од невроните реагира на одредена стимулација.
Земајќи парче од истото ткиво, научниците користеабранови врз овие неврони за да откријат дали има и други неврони кои исто реагираат и дали тие се меѓусебно поврзани со синапси.
Со помош на овој метод, тимот се надева дека ќе почне да го развива мрежниот дијаграм на мозокот со одредена функција, како што е на пример визуелниот кортекс. Техниката треба да открие и други мрежни предели кои влијаат врз допирот, слухот и движењето.

мозок машинерија

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.