RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА ПУБЕРТЕТОТ PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 7483 пати
Среда, 27 Јули 2011 19:25

Истражувачите ја открија вистинската хемиска реакција која би можела да биде многу бараниот предизвикувач на пубертетот: Генот KiSS-1, кој продуцира протеин во хипоталамусот, дел од мозокот, кој ја регулира метаболитичката активност.

endocrorgs Кога протеинот се врзува со рецепторот на друг ген наречен GPR54, се верува дека започнува пубертетот. Ова сознание може да доведе до развој на подобри лекови за лекување на пореметувањето на хормоните поврзани со пубертетот.
Тоа се таканаречените “непријатни години,” но секој кој поминал низ пубертетот знае дека “непријатно” е потценување. Сега, медицинските истражувачи веруваат дека се блиску до решањето на загатката на пубертетот.
Неспретноста на растењето не е само физички феномен. Таа е и емоционален, а особено хемиски.

dna
“Пубертетот, според многумина, настанува во гонадите и гениталните органи. Но, всушност, пубертетот настанува во мозокот,” вели невроендокринологот Тони Плент.
Д-р Плент и тимот на истражувачи од Харвард Универзитетот и Универзитетот од Питсбург ја открија точната хемиска верижна реакција која би можела да биде многу бараниот причинител на пубертетот.
“Мозокот испраќа ендокрини сигнали до хипофизата. Тоа создава хормони кои стигнуваат до јајниците и тестисите,” вели Плент.
Се започнува со бакнеж - KiSS 1 генот, кој создава протеин во хипоталамусот. Кога протеинот се поврзува со неговиот рецептор, GPR54 генот, започнува пубертетот.

Breast Enlargement
Д-р Плент вели дека ова е првата вистинска потпора околу прашањето за причинителот. Со широки варијации, овој предизвикувач се јавува некаде на возраст од околу 10 и 16 години. Но, раниот или доцниот пубертет може да предизвика развојни проблеми, како проблеми во однесувањето и ниска самодоверба. Педијатрите мора да ги лечат овие деца со предвремен или задоцнет пубертет.
Познавајќи го вистинскиот хемиски причинител на пубертетот, медицинските истражувачи сега може да започнат со развивање на третмани кои може да го хармонизираат процесот.

child at doctor
Сега, единствената терапија за пореметувања на пубертетот се честите хормонски инјекции. Со ова генетско откритие, научниците се надеваат дека ќе може да се развијат орални лекови кои го забрзуваат или забавуваат пубертетот, кога тоа е потребно.
Пубертетот е развојната фаза кога детето започнува сексуално да созрева. Може да се јави на возраст помеѓу 8 и 11 години кај девојчињата и 9 до 12 години за момчињата.
Како што детето се ближи до зрелоста, мозокот - особено деловите познати како хипоталамус и хипофиза - ослободуваат хемикалии наречени хормони. Хормоните ги регулираат репродуктивните органи кај мажите и жените. Девојките продуцираат естроген и прогестерон, додека момците продуцираат тестостерон. Исто така започнуваат да работат и хормоните за раст, предизвикувајќи зголемување на телото, понекогаш многу брзо. Телото создава и фолико-стимулирачки хормони, предизвикувајќи и раст на косата.

teenager-boy-with-acne
Сите овие дополнителни хормони предизвикуваат драматични промени во телото.
Првиот знак на пубертето кај девојките е развојот на градите. Потоа, започнува да расте коса во пубичните делови и под пазувите, како и појавата на акни околу 13-та година. Менструацијата е обично последната фаза која се јавува.
Кај момците. се продолжува ларинксот и се задлабочува гласот. Исто така, настанува раст на тестисите и пенисот, како и растење на коса во пубичните делови и под пазувите. Акните и брадата се развиваат последни.
И женските и машките може да доживеат силни емотивни или промени во расположението.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.