RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СМРТНО БОЛНО РАСКИНУВАЊЕ
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ЗОШТО ЖЕНИТЕ САКААТ РОЗЕВО
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
БИДЕТЕ ЗАФАТЕНИ
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ГРУПИТЕ ВЕ ОГЛУПУВААТ!?
Вторник, 21 Февруари 2012
Слика
5 ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНА ВРСКА
Понеделник, 02 Мај 2011
Слика
ПРЕДНОСТИ НА ЕМПАТИЈАТА
Среда, 23 Јануари 2013

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ИЗБРИШЕТЕ ГИ ГРДИТЕ СЕЌАВАЊА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3040 пати
Недела, 14 Ноември 2010 00:23

Дали посакувате да можете да избришете некои непријатни или тажни моменти од својот живот? Американски научници успеаја да го направат токму тоа.

 

бришење меморија

Научниците предводени од Џозеф ЛеДокс, невролог од ЊуЈорк Универзитетот тврдат дека се први научници на кои им успеало да избришат едно сеќавање. Работејќи со стаорци, тимот на ЛеДокс најпрвин ги научи животните да се плашат од бипкање и сирена така што ги излагаа на електро-шокови секојпат кога ќе се емитираше некој од овие звуци. Тогаш ЛеДокс на едната половина од стаорците им ја даде дрогата U0126, за која е познато дека го попречува мемориското складирање, и го повтори бипкањето, овојпат без електро-шокови.

дрогиран стаорец

Еден ден подоцна, кога Ле Докс им ги пушти истите тонови на стаорците, оние кои не ја примија дрогата се уште се плашеа од двата звука. Но оние на кои им беше дадена дрогата, воопшто не беа исплашени од бипкањето, кое последен пат го слушнаа додека беа под дејство на U0126.

смирен стаорец

Не е познато како U0126 има ефект на амнезија, но таа може да ја блокира синтезата на протеини кои помагаат да се зајакнат врските помеѓу невроните и да се создадат сеќавања. Можноста за бришење се јавува за време на присетувањето бидејќи тогаш сеќавањето се ажурира и се стабилизира повторно за долготрајно "складирање". "Само оние сеќавања кои се активирани се ранливи", вели ЛеДокс.

дрога

Дрогите како U0126 би можеле еден ден да им помогнат на сите оние кои страдаат од трауматски сеќавања. Мал дел од истражувања беше изведен врз човечки субјекти со помош на дрога наречена "Пропранолол", која го блокира дејствувањето на стресните невротрансмитери кои помагаат да се зацврстат сеќавањата во мозокот, но работата на ЛеДокс покажува потенцијал за поголема прецизност. "Би можеле да го намалите влијанието на трауматските сеќавања кај луѓе со ПТСП (Пост Трауматско Стресно Пореметување)", вели ЛеДокс. "Добрите вести се што притоа нема да им ја избришете севкупната меморија".

пост-трауматско пореметување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.