RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДЛАБИНСКА ПСИХОЛОГИЈА
Вторник, 29 Јануари 2013
Слика
АТЕИСТИТЕ ИМААТ НАЈДОБАР СЕКС
Четврток, 01 Септември 2011
Слика
НЕПОЖЕЛНИ ВОЛОНТЕРИ
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ДЕЦАТА ЕКСПЕРТИ ЗА ДИЈАЛЕКТИ
Петок, 24 Декември 2010
Слика
ТУЃИТЕ ПРЕГРАТКИ ИСТО КАКО НАШИ
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
АЛКОХОЛОТ ДОБАР ЗА МЕМОРИЈАТА?!
Вторник, 09 Август 2011
Слика
ВИЕ И ВАШИОТ ОФИС
Понеделник, 17 Јануари 2011
Слика
НЕСОНИЦАТА Е НАСЛЕДНА
Понеделник, 06 Декември 2010

„Чудовиштето кое најмногу го познава и од кое најмногу се плаши едно дете е чудовиштето кое чувствува дека самото е или се плаши дека може да биде“

Бруно Бетелхајм



КАКО ЗАБОРАВАМЕ? PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3835 пати
Понеделник, 18 Април 2011 13:13

Дали навистина забораваме и како тоа се случува?

заборавна жена

Многумина сметаат дека човечкиот мозок е премногу комплициран за објаснување, а истото важи и за меморијата. Иако биле направени голем број на истражувања за тоа како запомнуваме (и забораваме) работи, никој не го знае моделот врз кој е базирана човечката меморија.

Сепак, постојат две главни причини поради кои психолозите сметаат дека забораваме:

- Собираме информации но не сме способни да ги запомниме кога треба, туку можеби подоцна. Во овој случај, информациите не се достапни.

- Човечката меморија едноставно ги заборава информациите и тоа го прави за секогаш и трагите на овие информации во меморијата се губат. Во овој случај, информациите се непостоечки.

заборавност

Како забораваме?

Како забораваме зависи од тоа дали податоците се складирани во краткотрајната или долготрајната меморија.


Краткотрајна меморија
:

Постојат три начини на заборавање во краткотрајната меморија:

Распаѓање

Ова се случува кога не работиме со информацијата, односно, кога не помислуваме на неа. Се смета дека физичката трага за овие сеќавање се губи со текот на времето.

Преместување

Ова буквално се случува кога една информација заменува друга. Сите знаеме дека имаме огромен простор за складирање податоци, особено во долготрајната меморија, меѓутоа истражувањата покажуваат дека информациите се заменуваат.

Попречување

Понекогаш е тешко да се запомнат некои информации, особено ако се слични, на пример, тешко се запомнуваат зборови кои звучат слично. Попречувањето може да е проактивно (кога старите податоци се измешаат со новите) или ретроактивно, кога новите информации влијаат врз старите.

заборавен маж

Долготрајна меморија:

Се смета дека долготрајната меморија има бесконечен капацитет кој трае долго. Сепак, можеме да заборавиме на некои информации преку распаѓање и попречување од други податоци.

Заклучок

Иако е очигледно дека ние сме способни да забораваме информации, не се знае со сигурност дали информациите навистина се бришат од меморијата. При хипноза, сеќавањата за кои сме мислеле дека се вечно избришани од нашата меморија се појавуваат на површина и го поставуваат прашањето – дали навистина можеме да заборавиме?

заборавање

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.