RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПСИХОЛОГИЈА НА ДОПИРОТ
Понеделник, 26 Декември 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТ
Петок, 02 Септември 2011
Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
КОМПЈУТЕР АДВОКАТ
Среда, 20 Април 2011
Слика
ADHD КАЈ ВОЗРАСНИТЕ
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
ОД ТРЕВКА ДО ПСИХОЗА
Среда, 16 Март 2011
Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ
Четврток, 26 Јануари 2012

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ПРОШЕТКА ЗА МЕМОРИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3104 пати
Вторник, 15 Март 2011 23:45

Ако сакате да го подобрите помнењето – шетајте!

семејство шета

Кај здравите возрасни, хипокампусот - дел од мозокот кој е важен за формирањето на сеќавањата - започува да атрофира околу 55 или 60 година. Сега психолозите укажуваат дека хипокампусот може да биде скромно проширен, а меморијата подобрена – сето тоа само со редовна прошетка.

нозе

Во студијата објавена во The Proceedings of the National Academy of Sciences, истражувачите по случаен избор ангажираа 120 здрави возрасни, но седентарни мажи и жени (со просечна возраст во средината на 60-тите години) во една од две тестовни групи. Едната група одеше околу патека три пати неделно, растегнувајќи се и вежбајќи по 40 минути; додека другата група правеше бројни, но неаеробни вежби, вклучувајќи јога и тренинг на отпорност.

постара двојка

По една година, снимките на мозокот покажаа дека помеѓу “шетачите”, хипокампусот се  зголеми за околу 2 проценти во просек; кај другите, се намали за околу 1,4 проценти. Додека таквото опаѓање е нормално кај постарите луѓе, “2 процентното зголемување е прилично значително,” вели водечкиот автор Кирк Ериксон, психолог на Универзитетот од Питсбург. Двете групи ги подобрија резултатите на тестот за просторна меморија, но “шетачите” се подобрија повеќе.

мозок

Иако е тешко да се генерализираат резултатите од оваа студија на останатата популација, истражувачите беа восхитени со наодот дека хипокампусот може да се прошири со вежбање. “И тоа без многу вежбање,” истакна д-р Ериксон.

Луѓето не мора да се зачленат во теретана, наведува тој. Потребни им се само патики.

шетање

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.