RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ПОТРАГА ПО СОВРШЕНСТВО
Петок, 18 Март 2011
Слика
6 МАШКИ ЗАБЛУДИ ЗА СЕКСОТ
Понеделник, 21 Ноември 2011
Слика
ТАТКОВСТВОТО ГИ МЕНУВА МАЖИТЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ЗНАМ ДЕКА МЕ ГЛЕДАШ
Среда, 04 Јануари 2012
Слика
НИЗОК КОРТИЗОЛ = АНТИСОЦИЈАЛНОСТ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
ЕМОЦИИТЕ СЕ ВРОДЕНИ, А НЕ НАУЧЕНИ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
6 СОВЕТИ ЗА ЛЕСЕН СОН
Среда, 03 Август 2011

„Се што не иритира кај другите може да не одведе кон подобро разбирање на себеси.“

Карл Густав Јунг



МИСЛИ И НЕВРОНИ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3601 пати
Понеделник, 21 Февруари 2011 23:54

Верувале или не, со вашите мисли можете да ги контролирате невроните во мозокот!

неврони

Истражување од областа на неврологијата кое вклучуваше епилептични пациенти со хируршки имплантирани мозочни електроди во медијалниот темпорален лобус покажува дека пациентите научија свесно да контролираат одредени неврони длабоко во мозокот, со своите мисли.

Субјектите научија да го контролираат маусот на курсорот, да играат видео игри и да го менуваат фокусот на дигиталните слики со своите мисли. Пациентите користеа мозок-компјутер интерфејс, електроди длабоко во мозкот и софтвер дизајниран за истражувањето.

Статијата подолу нуди подетални информации.

 

Контролирање на одредени кортикални нервни клетки преку човечките мисли

Пред пет години неврологот Криштоф Коџ од Институтот за технологија во Калифорнија (Калтех), неврохирургот Ижак Фрајд од УЦЛА и нивните колеги открија дека еден неврон во мозокот може да функционира како софистициран компјутер и да препознава луѓе, одредени обележја и објекти, што укажува дека доследен и експлицитен код може да помогне во трансформирање на сложените визуелни претстави во долгорочни и поапстрактни сеќавања.

Сега Кох и Фрајд, заедно со поранешниот студент од Калтех, а сега пријател од докторските студии Моран Церф, открија дека индивидуите може да вршат свесна контрола над активноста на невроните  - и да манипулираат со однесувањето на слика на екранот од компјутерот.

Трудот, кој се појавува во списанието Nature, покажува дека “поединците можат брзо, свесно и доброволно да ги контролираат невроните длабоко во нивните глави,” вели Кох, професор по когнитивна и бихејвиорална биологија на Виктор Трендл и професор по пресметување и невролошки системи на Калтех.

мозок

Студијата беше спроведена врз 12 епилептични пациенти во училиштето за медицина на УЦЛА, каде Фрајд води Програма за операција на епилепсија. Сите пациенти имаа напади кои не можеа да ги контролираат со медикаменти. За да локализираат каде настануваат тие напади во подготовките за можен оперативен зафат, на пациентите им беа хируршки имплантирани електроди длабоко помеѓу центрите на мозокот. Церф ги користеше овие електроди за да ја сними активноста, како што прикажуваат податоците на компјутерот, на поедини неврони во делови на медијалниот темпорален лобус - област во мозокот која игра голема улога во меморијата и емоциите.

Пред снимањето на активноста на невроните, Церф ги интервјуираше сите пациенти за да ги открие нивните интереси: “Сакав да откријам што сакаат - да речеме, бендот Ганс ен Роузис, ТВ шоуто Хаус или пак Ред Сокс,” вели тој. Користејќи ја таа информација за секој пациент создаде група на податоци од околу 100 слики кои се однесуваат на работите кои тие ги сакаат. Потоа пациентите ги гледаа тие слики, една по една, додека Церф ја набљудуваше нивната мозочна активност барајќи ја целната активност на осамените неврони. “ОД 100 слики, можеби 10 имаат силна корелација со невронот,” вели тој. “Тие слики може да ги претстават складираните сеќавања - работи кои пациентот неодамна ги видел.”

Четирите неврони кои најсилно регираа при претставувањето на четири различни слики, беа избрани за понатамошно испитување. “Целта беше да се пронајдат пациенти кои ги контролираат нештата со мислите,” вели Церф. Размислувајќи за поедините слики - на пример сликата од Мерлин Монро - пациентите ја предизвикуваат активноста на соодветните неврони, која беше прво преведена во движењето на курсорот на комјутерскиот екран. На овој начин, пациените се самообучуваа да го движат курсорот горе-долу или дури и да играат компјутерска игра.

жена размислува

Но, вели Церф, “сакавме да одиме еден чекор подалеку од само мозок-машина интерфејсот и да навлеземе во натпреварот за внимание помеѓу мислите кои се тркаат во нашиот мозок.”

За да го направат тоа, тимот се подготви за ситуација во која два концепти се натпреваруваа за доминација во мозкот на пациентот. “Имавме пациенти кои седеа пред црн екран и ги замоливме да размислуваат за една од целните слики,” објаснува Церф. Како што размислуваат за сликата, а соодветните неврон се активира, “направивме сликата да се појави на екранот,” вели тој. Таа слика е “целта.” Тогаш се претставуваше една од останатите три слики за да служи како “збунувачка.”

“Пациентот започнува со пола 50/50 слика, хибрид, претставувајќи ‘брак’ на две слики,” вели Церф, а потоа мора да направи таа слика да исчезне - користејќи го само мозокот - и збунувачката слика исчезна. За време на тестовите, пациентите доаѓаа со свои стратегии кои би овозможиле појава на вистинските слики, некои едноставно помислуваа на сликата, додека други гласно го повторуваа името на сликата или го фокусираа својот поглед на поедини аспекти од сликата. Без оглед на нивните тактики, субјектите брзо ја сфаќаа целта на задачата и беа успешни во околу 70 проценти од обидите.

неврони

“Оваа задача за пациентите почна да биде многу забавна бидејќи се чувствуваа како да ги контролираат работите во околината само со своите мисли,” вели Церф. “Тие беа многу ентузијастични во испробувањето на нови работи и окривањето на границите на ‘мислите’ кои сеуште им овозможуваат да ги активираат нештата во околината.”

Значајно, дури и во случаи кога пациентите беа на работ од неупех - да речеме кога збунувачката слика претставуваше 90 проценти од композитната слика, потребно беше за сите пациенти ја повлечат, вели Церф. Замислете, на пример, дека целната слика е Бил Клинтон, а збунувачката Џорџ Буш. Кога пациентот е неуспешен во задачата, ќе доминира сликата на Џорџ Буш. “Пациентот ќе го гледа Џорџ Буш, но веројатно ќе размислува за Бил Клинтон. Затоа го исклучуваат Буш - некако откриваат како да го контролираат текот на иноформацијата во мозокот - и овозможуваат да се појави другата слика.” Сликовитоста на мозокот, вели тој, “е посилна од хибродната слика на екранот.”

Според Кох, највозбудливо е  тоа што “наодот дека делот од мозокот кој ги складира инструкциите ‘мисли за Клинтон’ достигнува до медијалниот темпорален лобус и возбудува група на неврони кои одговараат на Клинтон, истовремено потиснувајќи ја популацијата на неврони кои го претставуваат Буш, а оставајќи го поголемото мнозинство на клетки кои претставуваат други концепти или слични личности недопрени.”

размислување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.