RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
5 ТИПОВИ НА ЖЕНИ
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
10 СТРАТЕГИИ ЗА САМОКОНТРОЛА
Петок, 05 Август 2011
Слика
САМОСВЕСНИ РОБОТИ
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
ЗОШТО ЖЕНИТЕ САКААТ РОЗЕВО
Вторник, 18 Јануари 2011
Слика
8 НАЧИНИ ДА СЕ РАСПОЛОЖИТЕ НАУТРО
Понеделник, 17 Октомври 2011
Слика
ЖИВОТНИ МАТЕМАТИЧАРИ
Среда, 19 Јануари 2011

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



МОЗОК И МУДРОСТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4134 пати
Петок, 31 Декември 2010 00:38

Во штотуку завршена нова мета-студија од Универзитетот во Калифорнија, невролозите сакаа да откријат дали специфични мозочни кола можат да бидат одговорни за мудроста.

мозок

Според истражувачите Дилип В. Јесте и Томас В. Микс има многу сличности во дефиницијата за мудроста низ времето и културите. Пишувајќи во Archives of General Psychiatry, тие тврдат дека претходното истражување укажува на тоа дека може да има основа во невробиологијата за најуниверзалните карактеристики на мудроста.

Низ вековите и со менувањето на цивилизациите, дефиницијата на мудроста по правило опфаќала бројни психолошки карактеристики. Беше општоприфатено дека мудроста се состои од следниве атрибути: емпатија, сочуство или алтруизам, емоционална стабилност, саморазбирање и просоцијални ставови, вклучувајќи и толеранција за вредностите на другите.

Но, Јесте поставува подлабоки прашања. На пример дали мудроста е универзална или културно заснована? И дали е единствено човечка особина? Дали е поврзана со возраста? Дали зависи од искуството или дали може да биде научена? Истражувањето за мудроста е релативно нов феномен. Микс и Јесте забележале дека во 1970-те имало само 20 рецензирани артикли за мудроста, но од 2000-та има повеќе од 250 такви публикации.

маж размислува

За да се детерминира дали специфичните мозочни кола и патишта може да бидат одговорни за мудроста, истражувачите ги испитаа постоечките артикли, публикации и други документи во кои се наведени шесте атрибути најчесто вклучени во дефиницијата за мудрост, како и мозочните патишта поврзани со тие атрибути.

Тие се фокусираа примарно на функционални истражувања на неуровизуелизација: истражувања кои ги мерат промените во протокот на крвта или метаболитичките промени во мозокот, како и на функциите невротрансмитерите и генетиката. Открија, на пример, дека темелно рамислувајќи за ситуација која бара алтруизам, се активира медијалниот префронтален кортекс, додека донесувањето на морални одлуки е комбинација од рационални (дорсолатерланиот префронтален кортекс кој игра улога во задржувањето на вниманието и работната меморија), емоционални/социјални (медијалниот префронтален кортекс) и функцијата за забележување на конфликтот (предниот појасен кортекс, понекогаш поврзан со таканареченото “шесто сетило”).

медитација

Интересно е тоа дека неколку слични мозочни региони се поврзани во различни компоненти на мудроста. Истражувачите од Сан Диего укажуваат дека невробиологијата на мудроста може да вклучи оптимален баланс помеѓу попримитивните мозочни региони (лимбичниот систем) и најновите (префронталниот кортекс). Познавањето на основните механизми во мозокот може потенцијално да доведе до откривање на интервенции за подобрување на мудроста.

“Разбирањето на невробиологијата на мудроста може да има значително клиничко значење, на пример, при истражувањето како одредени пореметувања или трауматични мозочни повреди може да влијаат врз својствата поврзани со мудроста”, вели Јесте, потенцирајќи дека ова истражување е само прво во низата студии од ваков тип.

размислување

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.