RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ДОКТОРИТЕ БЕЗ ЧУВСТВА?
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ВЕРУВАТЕ ЛИ ВО РЕИНКАРНАЦИЈА?
Четврток, 03 Февруари 2011
Слика
ФАЛБАЏИСКИ ТВИТЕР
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
РАПСОДИЈА ВО СИВИЛОТО
Понеделник, 05 Септември 2011
Слика
ДРОГА ПРОТИВ КРАЖБИ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
ХРАНА ЗА ПОМНЕЊЕ
Среда, 07 Декември 2011
Слика
ТРОЕН МОЗОК
Четврток, 13 Јуни 2013
Слика
ПАРИ ИЛИ МОТИВАЦИЈА?
Сабота, 22 Јануари 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



КОГА СПИЕТЕ, ВАШИОТ МОЗОК Е БУДЕН PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3216 пати
Четврток, 04 Ноември 2010 19:06

Мислите дека кога спиете, вашиот мозок се одмора? Така барем тврдеа сите истражувања спроведени досега. Но, белгиските научници докажаа дека кога сте во длабок сон, вашиот мозок работи поактивно отколку обично.

маж спие

Спиењето кај човекот се дели во две главни фази: не-РЕМ фаза, во која лесно спиеме и РЕМ фаза, во која запаѓаме во длабок сон и сонуваме. Не-РЕМ сонот обично се смета како состојба во која мозокот “одмора“. Таа е проследена со интензивна мозочна активност при будењето. Всушност, претходните студии за мозокот покажаа дека мозокот е помалку активен за време на не-РЕМ фазата во споредба со периодот на будење на организмот.

Иако не го отфрлаат овој концепт, истражувачите од Истражувачкиот центар Циклотон на Лиеж Универзитетот во Белгија и од Одделот за Неврологија на Универзитетската Болница во Лиеж покажаа дека, дури и во најпрогресивните стадиуми не-РЕМ фазата не треба да се перцепира како стадиум на константно и продолжено намалување на  мозочната активност, туку се карактеризира со континуирано зголемување на активноста во одредени делови од мозокот. Ова истражување беше поддржано и од Националниот Фонд за Научни истражувања на Белгија како и од Медицинската Фондација на Кралицата Елизабета.

жена сонува

Студија објавена во весникот на Американската Национална Академија на Науките, истражувачкиот тим предводен од Др. Танг Данг-Ву и Проф. Пјер Макет  тврди дека мозочната  активност за време на не-РЕМ фазата е под многу силно влијание на таканаречените спонтани бавни ритми (уште наречени и “бавни осцилации“), кои го организираат мозочното функционирање за време на оваа фаза.

Со употреба на функционална магнетна резонанца искомбинирана со електроенцефалографија, научниците потврдија дека овие бавни осцилации се во релација со зголемување на мозочната активност во одредени региони, со што се побива концептот за “тивок мозок “ (израз кој долго време се користеше како синоним за не-РЕМ сонот). Покрај тоа, овие зголемени активности се одвиваат во специфични делови, вклучувајќи го инфериорните предни вијуги, парахипокампалното мозочно стебло, прекунеусот и задната мозочна кора, како и малиот мозок и мозочното стебло.

мозочна активност

Овие резултати го подобруваат нашето разбирање за не-РЕМ механизмите за спиење. Од една страна, ни укажуваат дека не-РЕМ сонот е стадиум на мозочната активност организиран од “ бавните осцилации “. Од друга страна, ни овозможуваат идентификација на мозочните зони кои ги генерираат овие осцилации, карактеристични  за функционирање на мозокот за време на не-РЕМ сонот. Исто така, со посочување на активацијата на зоните кои се вклучени во обработката на мемориските траги како пара-хипокампалните зони, студијата ни укажува дека сонот има многу поголема улога во консолидацијата на помнењето отколку што се претпоставуваше досега. И на крајот, активацијата на зоните како  мозочното стебло, која е поврзана со возбудата и будењето, може да докаже дека овие осцилации во не-РЕМ фазата претставуваат  “микро-будни“ периоди кои му овозможуваат на мозокот да ги извршува своите суштински функции, дури и за време на најдлабокиот сон.

девојче спие

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.