RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
СУБ-РЕКЛАМИ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
МРСНАТА ХРАНА СОЗДАВА ГЛАД
Петок, 03 Декември 2010
Слика
ДВИЖЕЊЕТО НА ТЕЛОТО ДЕЛУВА НА СТАВОВИТЕ
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
СЕКС "НА ГЛАДНО"
Вторник, 15 Ноември 2011
Слика
ЗАГРОЗЕНОТО ЕГО ТРОШИ ПАРИ
Четврток, 15 Септември 2011
Слика
МОЗОКОТ РИТМИЧНО СОЗДАВА СПОМЕНИ
Понеделник, 10 Октомври 2011
Слика
АВТОРИТАРНА ЛИЧНОСТ
Четврток, 21 Февруари 2013

„После занимавање со психологија речиси пола век, мојата страст за неа е поголема од било кога“

Филип Зимбардо



ПРОЗОРЕЦ КОН ИНТИМАТА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 4291 пати
Петок, 08 Март 2013 19:36

Ново фасцинантно истражување открива дека е можно да се одреди на кого мислиме преку анализа на снимки од нашиот мозок.

мислење на друга личност

Истражувачите од Корнел Универзитетот откриле дека преку напредни техники за снимање на мозокот може да се одредат одредени шеми во мозочната активност која се појавува кога мислиме на другите луѓе.

„Кога ги погледнавме податоците бевме шокирани, затоа што преку анализа на мозочната активност успешно сме декодирале на кого мислат нашите учесници,“ изјави невронаучникот Др. Нејтан Спренг.

 бранови на мозочна активност

Експертите сметаат а повеќето од луѓето се сложуваат со ставот дека разбирањето и предвидувањето на однесувањето на другите е клуч за справување со животните околности. Но, малку се знае за тоа како навистина мозокот ги моделира потрајните црти на личноста кои управуваат со однесувањето на другите. Способноста да се предвиди нечие однесување особено ни помага во ситуации кои претходно не се случиле, а сакаме да антиципираме како некоја личност би се однесувала во неа.

 поглед кон себе

За да дознаат повеќе за овие вродени способности, истражувачите побарале од 19 млади лица да научат се што можат за личностите на четири индивидуи кои се разликувале според клучните личносни карактеристики.

Потоа, на учесниците им биле дадени различни сценарија (на пример, да седат во автобус кога ќе влезе постаро лице и нема каде да седне) и им било побарано да замислат како одредена личност од овие четири би изреагирала во таква ситуација. За време на задачата, нивните мозоци биле скенирани преку функционална магнетна резонанса (fMRI), која ја мери мозочната активност преку детекција на промените во крвотокот.

 fMRI снимка

Истражувачите откриле дека различни шеми на мозочна активност во медијалниот предфронтален кортекс биле асоцирани со секој од овие четири различни карактери на личностите. Со други зборови, на која личност мислеле во даден момент испитаниците можело многу прецизно да се детектира само преку анализа на шемата на мозочна активност.

Резултатите од ова истражување покажуваат дека мозокот ги кодира личносните црти на другите луѓе во одделни мозочни региони, а тие информации потоа се интегрираат во медијалниот предфронтален кортекс каде се продуцира генерален модел на личноста според кој потоа се планираат социјалните интеракции.

mPFC

Претходните истражувања кои се бават со оваа проблематика ја имплицираат улогата на медијалниот предфронтален кортекс во нарушувања на социјалната когниција како што е аутизмот, а со ова истражување се покажува дека луѓето со вакви нарушувања можеби ја немаат способноста за градење на прецизни личносни модели.

Истражувачите сметаат дека доколку понатамошните испитувања го потврдат ова, ќе биде возможно да се одредат посебни биомаркери на мозочната активност не само за дијагноза на овие болести туку и за мониторирање на ефектите од интервенциите.

врата кон мозокот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.