RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ЛИЦЕ НА АГРЕСИЈАТА
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
ПРАИСТОРИСКО КИНО
Сабота, 15 Јануари 2011
Слика
СОВЕСТ ПРОТИВ АНТИСОВЕСТ
Четврток, 23 Февруари 2012
Слика
ПАРИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ БРАКОТ
Петок, 14 Октомври 2011
Слика
ЕМОТИВЕН РОБОТ
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ТЕКСТОВИТЕ НА ПЕСНИТЕ, ОПАСНИ!!!
Четврток, 25 Август 2011
Слика
БОЛЕСТ ВО НАСЛЕДСТВО
Вторник, 16 Ноември 2010

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



СТРЕСОТ МОЖЕ ДА ВИ ГИ СМЕНИ ГЕНИТЕ PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3695 пати
Петок, 21 Септември 2012 19:38

Акутниот психолошки стрес, кој е познат по тоа што ви го зголемува ризикот од физички и ментални болести, може тоа да го направи преку менување на гените.

 жена под стрес со седа коса

Во неодамна направената студија, за која се смета дека е прва од таков тип, истражувачите покажале дека стресот ја менува метилацијата на ДНК молекулот со што ја менува и активноста на некои гени.

Тимот го предводеле научници од Рур Универзитетот во Бохум, а учествувале и нивни колеги од Базел, Трир и Лондон. Цел на нивното испитување биле генските сегменти за кои се знае дека се вклучени во контрола на биолошкиот стрес.

 епигенетски процес

Едно од најважните откритија во генетиката е епигенетиката, или така наречениот „втор код“ кој ја регулира активноста на гените. Новите истражувања во оваа област покажуваат дека епигенетските промени може да се вклучени во развојот на некои хронични болести како што се ракот и депресијата.

И додека геномот, генетскиот код или ДНК потребен за да креира едно човечко суштество горе долу е фиксиран кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката, токму епигеномот е оној кој одлучува за тоа како овој план ќе се интерпретира.

Замислете го геномот како упатство за изградба на сите протеини кои му се потребни на телото, а епигеномот како надлежниот работник за градба и одржување и оној кој всушност го чита упатството. Понекогаш може да се случи „да не му е денот“ кога е уморен па ќе направи грешки, или пак ќе ги интерпретира инструкциите поразлично од наведеното.

епигенетски механизам 

Клетките функционираат создавајќи протеини. Какви точно протеини произведуваат зависи од типот на клетката, кој што е одреден од гените, и од околината, која влијае врз тоа како епигеномот ги чита гените. Еден од начините на кој се одвива овој процес е преку метилните групи (CH3) кои се прикачуваат до одредени делови на ДНК, тие може да останат на тоа место доста време, дури и откако клетката ќе се подели.

Некои студии покажале дека психолошка траума доживеана рано во животот и високо стресните настани се асоцираат со долготрајни метилациони промени на ДНК. Тоа се знае, но она што истражувачите во оваа студија сакале да го откријат е дали истото се случува и после акутен психолошки стрес, на пример стрес доживеан при интервју за работа.

стресно интервју за работа 

За цели на нивното истражување, вниманието го насочиле кон два гена, еден за окситоцинскиот рецептор (OXTR), и еден за факторот на раст на нервите Невротропски Фактор Изведен од Мозокот (BDNF). OXTR служи како пристанишно место во централниот нервен систем за невротрансмитерот окситоцин, хемиски гласник кој се смета за „љубовен“ или „хормон на довербата“, како и „антистрес хормон“. BDNF игра важна улога во развојот и поврзувањето на мозочните клетки.

 ДНК

Истражувачите поканиле 76 учесници во шеесеттите години од животот да учествуваат во истражувањето во кое им задале два типа на стресни настани. Едниот бил учество во модел на интервју за работа, а другиот решавање на аритметички проблем под надзор. И двата теста се веќе користени во лабораториски услови да предизвикаат стресна состојба.

Испитаниците дале примерок на крв пред тестот, и два пати после тестот. Еднаш после десет минути (пост-тестовно), и уште еднаш час и половина подоцна (контролен тест). Од овие примероци истражувачите можеле да ја измерат количината на метилација на ДНК во двата гена.

примероци од крв

Она до кое што дошле како откритие е дека BDNF генот си останал непроменет во било кој од тестовите. Но, OXTR генот покажал метилациони промени. Постоело зголемување во метилацијата во дел на OXTR генот при пост-тестовното мерење, ова покажува дека клетките формирале помалку рецептори. При мерењето час и половина подоцна, метилацијата во OXTR генот се спуштила на ниво пред тестот, нешто што покажува дека клетките произвеле премногу рецептори.

Заклучокот на истражувачите гласи: „Резултатите покажуваат динамичка регулација на ДНК метилацијата во OXTR генот што може делумно да укаже на промени во составот на крвните клетки - но не и на BNDF по акутниот психосоциален стрес.“

научник со примерок крв 

Според водачот на студијата Гинтер Мајнлшмит ова испитување покажува дека епигенетските промени може да бидат важен линк помеѓу стресот и хроничните болести. Истражувачкиот тим се надева дека ќе идентификува и покомплексни епигенетски шаблони на стресот во идните испитувања и со тоа ќе биде можно да се детерминира придружниот ризик од болест при вакви ситуации. Ова може да пружи информации за нов пристап кон третман и превенција на овие болести.

 жена под стрес

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.