RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СО АПЧИЊА ЗА СПИЕЊЕ ВО СМРТ
Вторник, 22 Март 2011
Слика
ТАЈНА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА
Среда, 16 Март 2011
Слика
ТЕТОВАЖИ
Понеделник, 01 Август 2011
Слика
ПЛАЦЕБО ЕФЕКТОТ ЛЕКУВА!
Четврток, 03 Ноември 2011

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



СТРЕСОТ ВЛИЈАЕ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА МОЗОКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 7170 пати
Понеделник, 18 Јуни 2012 23:26

Според едно истражување на Универзитетот во Висконсин, Медисон, стресот влијае врз развојот на мозокот кај децата.

девојче под стрес

Истражувачите објаснуваат дека според сите испитувања што ги направиле врз животни, заклучиле дека стресот предизвикува промени во предфронталниот кортекс кој е одговорен за сложените когнитивни активности на мозокот.

„Истите промени ги забележавме и кај луѓето, и откривме дека поголемата изложеност на стрес е поврзана со потешкотии во одвивањето на одредени когнитивни процеси,“ - вели Џејми Хенсон, студент по психологија од Универзитетот.

родители во кавга

Истражувачите велат дека децата кои биле сведоци на стресни настани покажаа ниски резултати на тестовите поврзани со просторната меморија.Тие имале проблеми со тестовите за краткотрајна меморија во ситуации кога на пример требало да пронајдат беџ а притоа да посочат во која кутие се наоѓа.

Снимките на мозокот покажале дека предниот дел на предфронталниот кортекс игра голема улога кога станува збор за развивање на просторна меморија, а зафаќа помалку место кај деца кои биле изложени на многу стресни ситуации.

мозочни структури инволвирани во стрес

„Ова се суптилни разлики, меѓутоа тие се поврзани со когнитивната способност.“ - објаснува Хенсон.

„Ние не се обидуваме да ја побиеме теоријата дека стресот трајно го уништува мозокот. Не знаеме дали и како стресот влијае врз мозокот.“ - вели Хенсон. „Ние имаме снимки од мозокот на сите испитаници и во овој момент не можеме да разбереме дали станува збор за побавен развој или трајна разлика. Можеби мозокот сеуште на децата кои биле под стрес со тек на време ќе го достигне нивото на нивните врсници кои не искусиле толку стрес.“

девојче под стрес

Истражувачите ги одредуваа нивоата на стрес преку интервју со децата на возраст од 9 до 14 години, заедно со нивните родители. Тимот анализираше неколку предизвикувачи на стрес, од не толку сериозни до екстремно сериозни.

„Сакавме да откриеме најмногу што можеме, и ги користевме сите овие информации за да добиеме претстава колку е сериозно влијаието на стресот кај децата.“ - вели Хенсон.

1541909069child

Истражувачите исто така ја разгледуваа и промената на белата и сивата маса. Според Хенсон, белата маса поврзува различни делови на мозокот со цел да се пренесе една информација, додека пак сивата маса ја прави проценката - тој ја обработува информацијата која што се пренесува при поврзувањето на врските во белата маса.

Во раниот развој, сивата маса ја подобрува флексибилноста и им помага на децата да развијат различни способности. Но како што растат децата, сивата маса се истенчува. Хенсон објаснува дека за време на пубертет, кај децата расте белата маса.

магнетна снимка на бела и сива маса

„И кај белата и кај сивата маса се јавуваат мали промени за време на стресни ситуации,“ - вели Хенсон и објаснува дека ова треба понатаму да се испитува. „Ако разбереме како се менуваат овие предели ќе можеме да добиеме претстава за тоа дали станува збор за заостанат развој или трајна последица.“

„Постојат групи кои работат за подобрување на работната меморија и се обидуваат да им помогнат на луѓето во развојот.“ - вели Хенсон. Ако разбереме дали и како стресот влијае врз овие процеси ќе ни помогне да дознаеме дали со помош на вакви вежби и интервенции ќе можеме да им помогнеме на децата кои живеат во стресни средини и постојано се изложени на стрес.

 чадење од мозокот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.