RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
НАРЦИСИТЕ НАОКОЛКУ И ВО НАС
Понеделник, 08 Август 2011
Слика
СТРАДАТЕ ЛИ ОД СЕКСОМНИЈА?
Понеделник, 28 Февруари 2011
Слика
КАКВИ СМЕ ВО ОЧИТЕ НА ДРУГИТЕ
Понеделник, 07 Ноември 2011
Слика
6 ЧЕКОРИ ДО ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА
Вторник, 08 Ноември 2011
Слика
КАКО РАБОТИ МЕМОРИЈАТА?!
Четврток, 21 Јули 2011
Слика
ОД ШТО СЕ НАПРАВЕНИ СОНИШТАТА?
Петок, 07 Декември 2012
Слика
КАКО ЗНАЕМЕ ДЕКА НАШЕТО ТЕЛО Е НАШЕ?
Понеделник, 03 Октомври 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ВИРУСИ ЗА КОНТРОЛА НА МОЗОКОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6057 пати
Вторник, 20 Декември 2011 01:02

Новата гранка на науката, синтетичката биологија, наскоро ќе биде во можност да направи вештачки вируси кои ќе бидат способни да управуваат со мозоците на луѓето.

лошо вирусче 

Се ближи денот кога хакирањето на човечките мозоци ќе стане секојдневие, баш како што е тоа денес со компјутерите, тврдат научниците. Тие велат дека синтетичката биологија отишла толку застрашувачки далеку што за многу брзо време ќе биде во можност да направи вируси кои ќе управуваат со луѓето.

хакер

Синтетичката биологија, иако сеуште во јасли, станува од ден на ден една од најмоќните технологии во светот. Но, она што многумина ги загрижува е дека овие игри на научниците со генетиката и различните облици на живот може да се оттргнат од контролата и да отворат врата на една нова ера – ерата на биохакирањето и биотероризмот.

Бидејќи знаењето на човекот за ДНК нанотехнологијата и биомолекуларното сметање рапидно расте, овозможувањето на безбедност за мозокот може да биде приоритет во дваесет и првиот век.

днк со модификација

Научниците објаснуваат дека бактериите и вирусите што денес ги среќаваме во природата се виновници луѓето да бидат болни, но на некој начин и го одредуваат однесувањето на домаќинот. Тие манипулираат со хемиски соединенија во човековото тело, а доколку некој ги програмира да испраќаат одредени „агенти" во мозокот, таквиот биопрограмер може да ја преземе контролата врз однесувањето на неговата жртва.

биопрограмер

„Присуствуваме на зачетоците на синтетичката биологија. Основните задачи како што се декодирање, уфрлање на делови на ДНК и нивно исфрлање, како и релативно успешните обиди за клонирање, сега се врвот на науката. Но, ако се потсетиме, во осумдесеттите и компјутерската технологија беше во јасли, а каде е сега?" – вели Ендрју Хесел од Универзитетот Сингуларити во НАСА –„Клетките се живи компјутери а ДНК нивниот програмски јазик. Не е далеку денот кога маскирани преку вакцини, на пример, ќе се инјектираат специјално програмирани вируси кои хемиски ќе го репрограмираат однесувањето на домаќинот".

контрола на умот

Синтетичката биологија е всушност наука која создава вештачки живот. Оваа интередисциплинарна гранка собира на едно место биолози, хемичари, инжинери, психолози... За разлика од досегашниот метод на анализа, проучување преку ситнење на живите суштества на најситни можни делови, синтетичката биологија го има обратниот пристап, таа од најситните делчиња се обидува да создаде вештачки живот. Таа е повеќе од генетски инженеринг затоа што овде не се работи само за пренесување на гени од едно на друго место, туку се прави конструкција на целосно нови живи суштества. Таканаречените биоконструктори, од ситните делови сакаат да создадат комплексни биолошки структури. Тие работат со најважните градбени елементи, ДНК молекулите, односно гените.

ѓавол во умот

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.