RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КАКО ТРГУВААТ ЛУЃЕТО И ЖИВОТНИТЕ
Четврток, 09 Декември 2010
Слика
КОНТРОЛА НА ЕМОЦИИТЕ
Вторник, 19 Март 2013
Слика
КОКАИН КАКО НАГРАДА
Понеделник, 22 Ноември 2010
Слика
ПАУНИТЕ И НИВНИТЕ СКАПИ АВТОМОБИЛИ
Понеделник, 29 Август 2011
Слика
ОМЕГА 3 ПРОТИВ ДЕПРЕСИЈА
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА
Вторник, 22 Февруари 2011
Слика
ВНИМАВАЈТЕ НА ЖЕНИТЕ
Четврток, 25 Ноември 2010
Слика
ШОПИНГ ТЕРАПИЈА
Петок, 22 Јули 2011

„ Незрелата љубов вели: 'Те сакам затоа што ми требаш';

Зрелата љубов вели: 'Ми требаш затоа што те сакам'. “

Ерих Фром



ЕКСТАЗИТЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ХОРМОНОТ ЗА СРЕЌА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6690 пати
Петок, 16 Декември 2011 10:05

Новото истражување укажува дека повремената употреба на екстаза, нелегална дрога која создава чувство на еуфорија и емоционална топлина, е поврзано со хронични потреби во човечкиот мозок.

голтање екстаза

Истражувачите од Вандербилт Универзитетот веруваат дека екстазата создава долготрајна серотонинска невротоксичност кај луѓето.

"Нашето истражување овозможува некои од најцврстите докази до денес дека оваа дрога предизвикува хронично губење на серотонин кај луѓето," вели роналд Кован, професор по психијатрија.

Невротрансмитерот серотонин, клучен сигнализирачки молекул, има улога во регулирањето на расположението, апетитот, сонот, учењето, меморијата.

серотонин

Кован вели дека познавањето на ефектите на МДМА (хемиското име на екстазата) е важно бидејќи дрогата може да биде терапевтски корисна. МДМА е терапевтски испитувана и е безбедна, повеќе луѓе ќе имаат тенденција да ја самоадминистрираат дрогата. Треба да ја знаеме дозата при која оваа дрога станува токсична.

"Нашите студии укажуваат дека доколку повремено ја користите екстазата, колку повеќе ја користите, толку повеќе мозочни промени ќе добиете."

екстази

Во тековната студија, Кован и колегите користеа томографија на позитронска емисија (ПЕТ) за да ги испитаат нивоата на серотонин 2А рецепторите во разни мозочни области, кај жени кои користеле екстази (но не во претходните 90 дена пред снимањето) и жените кои никогаш не ја користеле дрогата.

Тие ги ограничија нивните студии на жени бидејќи претходната работа покажа дека постојат разлики во нивоата на серотонинските рецептори специфични за полот.

екстази

Открија дека корисниците на екстази имаа покачено ниво на серотонин-2А рецепторите и дека подолготрајната употреба на дрогата (повисока доза) е поврзано со повисоки нивоа на серотонинските рецептори. Наодите се конзистентни со некои студии врз животински модели, со зголемување на нивото на рецепторите како компензација за губитокот на серотонин, вели Кован.

Порано во годината, Кован и колегите открија зголемена мозочна активност поврзана со екстази во три мозочни области поврзани со визуелното процесира, кои укажуваа на губење на мозочната ефикасност.

Истражувачите веруваат дека двете студии овозможуваат цврст доказ дека екстази предизвикува долготрајни промени во серотонинското функционирање во мозокот.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.