RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Ако некоја потреба ви остане незадоволена, не се запрепастувајте многу. Таа појава ја викаме живот.“

Ана Фројд



СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 10902 пати
Четврток, 01 Декември 2011 09:36

Жените имаат седум до девет пати поголема веројатност да страдаат од "синдромот на скршено срце"...

скршено срце

...кога ненадеен или пролонгиран стрес како емоционален прекин или смрт предизвикува срцева слабост или симптоми на инфаркт. Обично пациентите се опоравуваат без трајно оштетување.

Класичен случај е "жена која го загубила мажот," вели д-р Мариел Џесуп, специјалист за срцева слабост на Универзитетот во Пенсилванија.

Синди Бизон се плашеше поради тоа што се случуваше со нејзиниот сопруг, Џоел, доживеа срцев напад. "Нека Бог работи низ вашите раце," му рече жената на хирургот додека нејзиниот сопруг покрај неа беше однесен во операционата сала. Таа потоа колабира во сестринската соба од "синдром на скршено срце" и заврши на интензивна нега заедно со сопругот. Двата преживеаа.

жена на преглед

Јапонските доктори први го препознаа овој синдорм во 1990 година и го нарекоа Takotsubo кардиомиопатија; tako tsubo се октоподни замки кои наликуваат на погоденото срце со форма на лонец.

Се случува кога голем шок, дури и добар како добивање на лото, предизвикува адреналински прилив и други стрес хормони кои предизвикуваат отекување на коморите на срцето и неправилна работа. Тестовите покажуваат драматични промени во ритамот и крвни супстанции кои се вообичаени при срцев напад, но без блокада на артериите која го предизвикува нападот. Повеќето жртви се опоравуваат за неколку недели, но кај ретки случаи се докажува како фатално.

Д-р Абишек Дешмук од Универзитетот во Арканзас лекуваше неколку случаи. "Бев многу љубопитен зошто ова се случуваше само кај жените," вели тој.

тажна жена

Користејќи федерални податоци од речиси 1000 болници, Дешмук откри 6229 случаи во 2007 година. Само 671 беа мажи. По прилагодувањето за висок крвен притисок, пушење и други фактори кои може да влијаат врз срцевите проблеми, жените имаа 7.5 пати поголема веројатност да страдаат од овој синдром отколку мажите. Тој беше три пати почест кај жените над 55 години отколку кај младите жени. И жените помади од 55 имаа 9.5 пати поголема веројатност да страдаат од мажите на таа возраст.

Никој не знае зошто, вели д-р Абрахам Прасад, кардиолог кој презентираше друго истражување. "Тоа е единствената кардиолошка состојба каде има таква доминација на жените" вели тој. Една теорија е дека улога имаат хормоните. Другата е дека мажите имаат повеќе адреналински рецептори во ќелиите од жените, "така да мажите се поспособни за подобро справување со стресот" и хемискиот бран кој го ослободува, вели Дешмук.

скршено срце слика

Бизон беше 57 годишна кога се јави нејзиниот напад; сега е 64. Таа и нејзиниот сопруг се фармацевти и живеат во Скарбороу.

"Се сеќавам како се задржав за шалтерот и на црната завеса која се спушти пред моите очи," вели таа. Нејзиниот напад беше толку тежок што помина низ целосен кардиолошки застој и нејзиното срце мораше да биде шокирано за да се врати во нормала. Иако повеќето напади минуваат без перманентна штета, таа подоцна мораше да вгради дефибрилатор. Речиси 1 процент од ваквите случаи завршуваат фатално.

"Во старите денови, би рекле дека некој за малку ќе умреше од страв," вели Пасад. Речиси 10 проценти од жртвите ќе имаат втора епизода некогаш во животот. И иако инфарктите почесто се случуваат во зима, синдромот на скршено срце е почест во лето.

 

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.