RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
МММ, ПОМФРИТ...
Недела, 23 Јануари 2011
Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
ТРОЕН МОЗОК
Четврток, 13 Јуни 2013
Слика
НАМИРИСАЈТЕ ГО ПАТОТ ДО СРЕЌАТА
Понеделник, 08 Ноември 2010
Слика
7 СОВЕТИ ЗА ВРСКИТЕ НА ДАЛЕЧИНА
Понеделник, 31 Октомври 2011
Слика
КАКО ДА СЕ МОТИВИРАТЕ СЕБЕСИ
Вторник, 04 Септември 2012
Слика
ПОРНО ЗАВИСНИЦИ
Сабота, 08 Октомври 2011
Слика
ВИНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ
Понеделник, 14 Февруари 2011

Никогаш не сме толку беспомошни како кога сме заљубени.

Зигмунд Фројд



ВО СВЕТОТ НА УМСТВЕНАТА ТЕХНОЛОГИЈА PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од можни 5)
прочитано 3274 пати
Сабота, 01 Октомври 2011 17:04

Добредојдовте во новиот свет на умствената технологија – линија на непобедливи и ефективни алатки кои ја зголемуваат моќта на мозокот.

апарат и кукла

Се чувствувате депресивно? Оставете ги антидепресивите. Пробајте со ТМС – електромагнет кој се става врз главата за да Ве опушти и го има истиот ефект како и медикаментите, но со помалку несакани ефекти.

Мислите дека сте глупави? Учењето некако бавно Ви оди? Не грижете се. Една доза на електрична струја во вашиот скалп е доволна за да ги стимулира вашите вештини за учење и размислување и може да Ве претвори од бавен ученик во брзинец.

Добредојдовте во новиот свет на умствената технологија – линија на непобедливи и ефективни алатки кои ја зголемуваат моќта на мозокот.

ТСМ направа

Транскрaниална магнетна стимулација или ТМС

Пациентите во депресија покажале намалена активност во мозокот, па затоа истражувачите работеа на тоа да развијат помагало кое ќе ја стимулира невронската активност. Електроконвулзивната терапија (ECT) на пример, е инструмент кој праќа силен шок од струја (600 милиграми) низ кортексот за да предизвика промени во невронската хемија. Иако овој начин на лекување е многу ефикасен, може да предизвика напади и има голем број на несакани ефекти како што е губењето на меморијата.

ТСМ примена

Транскарнијалната магнетна стимулација, од друга страна, е форма на мозочна стимулација која многумина ја сметаат за сосема неризична. ТМС работи со помош на магнети за да предизвика електрично струење што влијае врз невронската активност во фронталниот кортекс. Магнетната направа се става врз главата и произведува енергетско поле со јачина како тоа на магнетната резонанца. На пациентите им се даваат серии на третмани кои траат по 40 минути и најчесто нема никакви несакани последици.

примена кај маж

Транскарнијална стимулација со директно струење

За разлика од ТМС, оваа стимулација е процес во кој се прикачуваат електроди на површината на скалпот, со што се остава простор за слабо струење од 1-2 милиампери. Овие електроди ја насочуваат струјата низ конкретни предели во мозокот.

Истражувањата покажаа дека оваа стимулација придонесува за лекувањето на Алцхајмерова болест, депресија и голема физичка болка. Исто така, се разгледува нејзината функција како алатка за засилување на мозокот. Според Дејвид Робсон, оваа стимулација ги подобрува математичките вештини и когнитивната активност.

ТСМ со ултразвук

Стимулација на мозокот со ултразвук

Биомедицинскиот инжинер Вилијам Тајлер премина преку магнетската и електричната стимулација, па сега прави обиди за стимулација на мозокот со ултразвук. На многу начини, ултразвукот изгледа како поуспешна и поефикасна технологија затоа што механизмите потребни за процесирање на ултразвук имаат моќ да стигнат до секој предел на мозокот.

Според Клер Вилсон, капацитетот на ултразвукот е сличен со тој на длабоката стимулација со струја – и двете имаат моќ да се фокусираат на 103 кубни милиметри на мозокот. Исто така, истражувачите можат да комбинираат неколку зраци заедно за да стигнат до подлабок предел во мозокот без да го оштетат ткивото. Досега, оваа технологија се користеше за да се "стиши" мозочното ткиво кое може да предизвика напади; оваа технологија се користи и за лекување на Паркинсова болест и депресија.

Поради тоа што имаат длабока продорност, овие зраци им даваат шанса на истражувачите да влијаат врз визуелната активност во мозокот на зајаците, да предизвикаат активност во моторниот кортекс и да ги стабилизираат хормоните и невротрансмитерите, што значи дека еден ултразвук може да се користи за контрола на психијатриски нарушувања, дебелина и зависност.

ултразвук

Уште една придобивка е тоа што, за разлика од другите умствени технологии, ултразвукот веќе има историја во научната заедница, веќе е воспоставен како алатка во медицинската заедница.

Сепак, колку и да изгледаат моќни, овие помагала мора да се употребуваат со претпазливост. Иако изгледаат побезбедни за употреба отколку медикаментите, мора да се разјаснат уште прашања во врска со нив и нивната безбедност.

Дали тие ќе ја пренасочат целата медицина и ќе помагаат на целото човештво?

И на крај, какво влијание ќе има врз универзалниот пристап за зголемување на моќта на мозокот? И дали тоа ќе ја промени целата претстава за човекот?

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.