RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СРЕЌАТА НИЗ СВЕТОТ
Петок, 29 Јули 2011
Слика
ЦРВЕНОТО Е СЕКСИ
Четврток, 27 Јануари 2011
Слика
ХИПЕРСОМНИЈА
Вторник, 20 Декември 2011
Слика
АСТРАЛНА ПРОЕКЦИЈА
Среда, 09 Февруари 2011
Слика
НИЗОК КОРТИЗОЛ = АНТИСОЦИЈАЛНОСТ
Вторник, 02 Ноември 2010
Слика
МОМЧЕТО КОЕ РАСТЕШЕ КАКО ДЕВОЈЧЕ
Четврток, 05 Јануари 2012
Слика
КОЛКУ ТАЖНА Е ДЕПРЕСИЈАТА?
Среда, 21 Септември 2011
Слика
МУЗИКА И ЕМОЦИИ
Вторник, 01 Февруари 2011
Слика
КАКВИ СТЕ ВО ОДНОС НА ПРАВИЛАТА?
Понеделник, 21 Јануари 2013

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



СО ПОДОБРИ ОЦЕНИ ДО ПОДОЛГ ЖИВОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 1.00 од можни 5)
прочитано 3255 пати
Понеделник, 22 Август 2011 16:16

Луѓето кои завршуваат училиште со слаби оцени всушност побрзо стареат, велат научиците.

дете со добри оцени

Истражувачи од Британија и САД ја испитувале должината на елементите на ДНК познати како теломери од околу 450 луѓе кои биле дел од долгогодишното истражување за здравјето и открија дека оние кои не биле многу добри во школо имале пократки теломери а тоа укажува на тоа дека тие најверојатно побрзо ќе остарат.

Теломерите се елементи на ДНК кои ги покриваат краевите на хромозомите и ги штитат од намалување на работата на клетките кои се одговорни за стареењето. Пократките теломери се показател за брзо стареење.

среќни стари луѓе

„Заклучокот на ова истражување се доби како резултат на долго истражување – вашето искуство од раниот живот има огромно влијание врз вашето здравје," – вели Стивен Холгат, кој беше дел од истражувањето.

Тој вели дека сеуште не можат да го откријат коренот на овие резултати, но истражувањето даде заклучок дека „оние кои учеле, не само што добро ќе се пласираат на пазарот на труд, туку имаат и други придобивки."

добрите оценки се важни

Испитаниците беа одделени на четири групи: оние кои немале никакво образование, оние кои го напуштиле училиштето на 16-годишна возраст, оние кои престанале да учат на 18-годишна возраст и оние со диплома од факултет, магистри и докторирани луѓе.

Резултатите покажаа дека луѓето со ниски достигнувања во образованието имаат пократки теломери, што укажува на тоа дека тие полесно стареат, а истражувањето исто така даде цврст доказ дека тоа не се појавува под влијание на социјалниот или економскиот статус во подоцнежниот живот, како што претходно се сметало.

стари луѓе користат интернет

„Знаеме од претходните истражувања дека луѓето од посиромашни средини побрзо стареат," – вели Ендру Степто, професор по психологија од Велика Британија.

„Образованието е показател за социјалниот статус со кој луѓето се здобиваат на мали нозе, а нашето истражување покажа дека понатамошниот живот со низок статус го забрзува стареењето на клетките."

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.