RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СУБ-РЕКЛАМИ
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
НЕРВЕН СЛОМ
Четврток, 12 Јануари 2012
Слика
ВИСТИНА ИЛИ ПРЕТПОСТАВКА
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
ДАЛИ ЕТИЧНОСТА НИ НОСИ СРЕЌА?
Четврток, 17 Ноември 2011
Слика
НЕ СЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ
Четврток, 21 Април 2011
Слика
ПОЦРВЕНЕТЕ И ЌЕ ВИ ПРОСТАТ
Среда, 31 Август 2011

Има еден  многу чуден парадокс, дури кога ќе се прифатам себеси за таков каков што сум, дури тогаш можам да се променам.

Карл Роџерс



ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА PDF Печати Е-пошта
(3 гласови, просечно 3.67 од можни 5)
прочитано 10772 пати
Петок, 08 Април 2011 22:20

Следниот пат кога нервозно ќе се подготвувате за испит или за интервју за работа, повежбајте, за да останете смирени и фокусирани.


жена вежба дома

Вежбањето е краткотрајна терапија за нервозата, вели Џонатан Абрамовиц, директор на клиниката за стрес на Универзитетот во Северна Каролина.

Всушност, истражувањата покажуваат дека вежбањето е сосема ефективен лек против нервозата.

Иако сметаме дека станува збор за негативна појава, вознемиреноста е нормална емоција, вели Абрамовиц. Се развила кај нашите предци како одговор на опасноста. Кога чувствуваме некаква закана, почнуваме да се потиме, ни се зголемува работата на срцето и ни се забрзува дишењето.

вежбање

Се разбира, опасностите на денешницата – лоша оцена на испит или работа која не не’ задоволува предизвикува слично чувство. Во вакви случаи, остануваме само со непријатното чувство на вознемиреност, потни дланки и вознемирено срце.

Вежбањето може да ви помогне да се справите со вознемиреноста и да ја подобри вашата состојба, вели Абрамовиц. Притоа, вашето тело ослободува ендорфин, хормон што ја намалува болката и го зголемува пријатното чувство.

Еве неколку совети како да ја намалите вознемиреноста:

- Кога почнувате да вежбате, направете план. Ако вежбате често а кратко, нема да се напрегнете и нема дополнително да го зголемите стресот.

тегови

- Колку вежбање е потребно за да се намали стресот? Тоа зависи, вели Абрамовиц. Ако веќе сте во добра физичка состојба, пробајте со 40-минутни вежби, 3-5 пати во неделата. Меѓутоа, најдобро е да вежбате доволно време за да се одморите од околината.

- Кога треба да се консултирате со лекат? Околу 40 милиони американци имаат проблеми со стресот, покажува Националниот институт за ментално здравје. Иако вежбите ви помагаат да се справите со стресот за кратко време, тие не се ефикасни кога станува збор за лечење на сериозните проблеми со стресот, опсесивните и компулсивните нарушувања, пост-трауматичниот стрес, нападите на паника и фобија, вели Абрамовиц. Ако имате вистински проблеми со стресот, мора да се консултирате со професионален лекар.

во теретана

- Избегнувајте бензодиазепини, кои ги има во лекарствата Занакс, Валиум и Клонопин. Тие се лекови кои брзо функционираат и ги отапуваат сетилата, и притоа многу лесно луѓето стануваат зависни од нив. Абрамовиц вели: „Тие не помагаат долгорочно.“

Абрамовиц ги советува луѓето да не се плашат да побараат помош од стручен лекат кога овие совети не помагаат. Терапевтите можат да им помогнат со дополнителни совети без лекарства.

„Луѓето треба да ја пробаат терапијата на когнитивно однесување со професионален терапевт пред да почнат да пијат апчиња за смирување,“ – вели тој. „Овие проблеми се лечат.“

здрав живот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.