RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 1.00 од можни 5)
прочитано 15268 пати
Петок, 25 Март 2011 01:00

Женскиот хормон прогестерон му помага на сперматозоидот да стигне до јајце-клетката.

јајце клетка и сперматозоиди

Сега, научниците знаат и како се случува тоа: хормонот се сврзува со специјализиран протеин кој и сигнализира на опашката на сперматозоидот да се движи напред и назад, со што го придвижува кон целта.

„За да се оплоди јајце-клетката, сперматозоидот треба да пенетрира во заштитната мембрана на јајце-клетката,“ – вели Полина Лишко, истражувач од Универзитетот во Калифорнија. „За да го направи тоа, сперматозоидот мора да се движи напред и назад.“

Кога прогестеронот се поврзува со рецепторот познат како катспер, отвора канал во мембраната и праќа бран на калциум во телото на сперматозоидот.

мајка и бебе

Афинитетот на катсперот кон калциум

„Веќе 20 години е познато дека прогестеронот е многу значаен стимулант за функцијата на сперматозоидите,“ – вели Стивен Публиковер од школата за бионаука на Универзитетот во Бирмингем.

Сепак, до сега, научниците не знаеја како се спојувале хормонот и рецепторот катспер. Тимот ги анализирал ќелиите на човечките сперматозоиди и го мерел протокот на калциум што го предизвикува движењето на опашката. Овие експерименти покажаа дека интеракцијата на прогестеронот и катсперот го предизвикува бранот на калциум, што е всушност најважниот дел од процесот на минувањето на сперматозоидот низ ѕидовите на јајце клетката. Истражувањата од минатото кај глувците, покажале дека се’ што е потребно е промена на Ph вредноста, односно нивото на киселост. Сепак, на луѓето им треба и промена на Ph вредноста но и прогестерон.

сперматозоид

„Прогестеронот не ги активира ќелиите кај глувците, но ги активира кај луѓето“ – вели Лишко. „Кога ја изучувате плодноста кај луѓето, треба да ги испитувате ќелиите на човечките сперматозоиди.“

Истражувачите откриле дека во човечките ќелии, прогестеронот ги отвора каналите на катсперот во сперматозоидот и праќа бранови на калциум за да ја активира опашката. Како резултат на тоа, опашката на сперматозоидот се активира и почнува да се движи, што е основа за да стигне до ќелиите што ја обвиваат јајце-клетката. Ако не може да се пробие, сперматозоидот не може да ја оплоди јајце-клетката. И луѓето и глувците со нефункционални катспери се неплодни.

бременост

Кандидат за контрацепција

Бидејќи протеинот катспер го има само во ќелиите на сперматозоидот, тој е совршен кандидат за да биде лек, велат истражувачите. Лек кој може да го контролира каналот или да го спречи прогестеронот да се сврзе со него, може да го спречи сперматозоидот да се активира со тоа што тој нема да стигне до јајце-клетката за да ја оплоди.

„Катспер каналот е одличен почеток за пронаоѓање нови контрацептивни средства, затоа што делува врз ќелиите на сперматозоидот,“ – вели Лишко.

Преку истражувањето може да се стигне и до нови протеини кои се вклучени во процесот на оплодување, кои можат да помогнат во изработката на нови средства за контрацепција.

Тимот на Лишко продолжи да анализира како прогестеронот е поврзан со каналот, и се надева дека ќе проучува пациенти со недостаток на катспер канали за да видат како прогестеронот влијае врз сперматозоидите.

контрацептивно средство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.