RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КРЕАТИВНОСТ, СЕКС И ШИЗОФРЕНИЈА
Сабота, 30 Октомври 2010
Слика
7 КРЕАТИВНИ ТЕХНИКИ
Среда, 19 Јануари 2011
Слика
ПРВИОТ СЕКС ГО МЕНУВА МОЗОКОТ
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ЗОШТО ТАГУВАМЕ ПО СТРАНЦИ?
Понеделник, 15 Ноември 2010
Слика
И НИЕ СМЕ ВОНЗЕМЈАНИ
Среда, 10 Август 2011
Слика
КУЛТУРАТА Е САМО ЗА МАЖИТЕ
Понеделник, 03 Октомври 2011
Слика
КАКО ДА ГО ПРЕЖИВЕЕТЕ РАСКИНОТ
Понеделник, 03 Октомври 2011

„Рационализацијата може да се дефинира како себезалажување со помош на разумот“

Карен Хорнај



ВИНО ЗА ДОЛГ ЖИВОТ PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3605 пати
Понеделник, 14 Февруари 2011 19:44

Ако сакате да живеете подолго, искористете го максимално св. Трифун за да се опиете Smile

вино

Една од најзбунувачките работи поврзани со конзумирањето алкохол е дека луѓето кои воопшто не пијат умираат многу порано од оние кои пијат. Стандардното објаснување на групите кои се борат против алкохолизмот е дека оние луѓе кои на анкетите одговараат дека не пијат алкохол се поранешни алкохоличари кои добиле сериозни здравствени проблеми поради злоупотребата на алкохолот.

Но, новата студија објавена во журналот Alcoholism: Clinical and Experimental Research наведува кон тоа дека, поради сè уште нејасни причини, целосното избегнување на алкохол го зголемува ризикот од прерано умирање. До овој заклучок може да се дојде дури и кога од статистиката ќе се отстранат луѓето кои порано пиеле, но се откажале. Најшокатно е тоа што стапката на смртност е поголема кај оние кои го избегнуваат алкохолот, дури споредено и со оние кои знаат да се напијат повеќе од што треба.

жена и вино

Умереното пиење, опишано како една до три чаши дневно, води кон најниска стапка на смртност според статистиките на студии поврзани со алкохол. Умереното користење на алкохол (особено кога пијалакот е црвено вино) го подобрува здравјето на срцето, циркулацијата и друштвеноста, што е важно бидејќи изолираните луѓе имаат помалку пријатели кои би можеле да забележат некаков здравствен проблем.

Но, зошто избегнувањето на алкохолот води кон пократок живот? Вистина е дека оние кои избегнуваат алкохол потекнуваат од пониските социоекономски класи, бидејќи пиењето може да биде скапо. А луѓето со понизок социоекономски статус имаат повеќе стрес во животот - работата и грижите околу децата кои можат да придонесат кон развивање на болести поврзани со стрес.

чаша вино

Но, дури и откако ќе се направат промени за сите замисливи непознати - социоеконсмкиот статус, нивото на физичка активност, број на блиски пријатели, поддршката од околината итн. - истражувачите (шестчлен тим предводен од психологот Чарлс Холахан од Универзитето во Остин, Тексас) откриле дека во период од 20 години, стапката на смртност била највисока кај оние луѓе кои не конзумирале алкохол во моментот, без разлика дали биле поранешни алкохоличари, втора највисока стапка на смрност имале оние кои претеруваат со пиењето, а истата била најниска кај оние кои конзумирале алкохол умрено.

Во овие студии биле опфатени и индивидуи на возраст помеѓу 55 и 65 години кои имале мадицинска грижа во претходните три години. 1824 учесници биле набљудувани во период од 20 години. Еден недостаток на студијата е што истата била непропорционална, 63 проценти биле мажи. Малку над 69 проценти од оние кои не пиеле акохол умреле во периодот од 20 години, 60 проценти од оние кои конзумирале големи количини и само 41 процент од оние кои умерено уживале во алкохолот умреле во истиот период.

шампањ

Иако пиењето големи количини алкохол го зголемува ризикот од цироза и неколку типови на рак (особено рак на устата и грлото), оние кои претеруваат со пиење имаат помал ризик за умирање од оние кои воопшто не пијат, дури и ако никогаш немале проблем со алкохолот. Една важна причина е што алкохолот е клучен дел од многу социјални интеракции, а тие се важни за менталното и физичкото здравје.

Авторите на оваа студија сепак потенцираат дека иако пиењето се поврзува со подолг живот, сепак може да биде опасно: може сериозно да ви ја оштети меморијата и да придонесе кон падови и несреќи кои можат да ви го искомплицираат животот. И никако не смее да се  занемари опасноста од создавање на зависност.

бело вино

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.