RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали го лажете ликот во огледалото?
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
ВЕШТАЧКИ МОЗОК
Среда, 30 Ноември 2011
Слика
ЗИМА ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕ
Понеделник, 21 Февруари 2011
Слика
АЛКОХОЛ И НИКОТИН
Понеделник, 07 Февруари 2011
Слика
ИСПИТНА ТРЕМА
Понеделник, 07 Март 2011
Слика
БРАКОТ И СРЕЌАТА
Понеделник, 11 Јуни 2012
Слика
БИОЛОШКА ОСНОВА НА КРЕАТИВНОСТА
Понеделник, 12 Септември 2011
Слика
ЛАЖНИ СЕЌАВАЊА
Петок, 02 Декември 2011

„Кој гледа нанадвор, сонува. Кој гледа навнатре, се буди“

Карл Јунг



ХАБИТУАЦИЈА PDF Печати Е-пошта
(4 гласови, просечно 4.75 од можни 5)
прочитано 5451 пати
Вторник, 23 Април 2013 23:39

Хабитуацијата е психолошки процес на учење при кое се навикнуваме на дразбите и постепено им обрнуваме се помалку внимание.

куче и маче 

Во основа се работи за навикнување на надворешните дразби. Понекогаш е добро а понекогаш лошо, но главно овој процес се одвива несвесно. Карактеристичен е како за луѓето така и за животните. На пример, сигурно ви се случило да одите на гости каде што има куче кое најпрво ќе лае по вас, а по некое време откако ќе се навикне на вашето присуство ќе прекине да лае. Ако вашиот домаќин се наоѓа на село, а вие доаѓате од бучно градско подрачје, тогаш ќе имате голем, навидум невообичаен проблем, да спиете во тишина. Буката ќе ви фали, па можеби отчукувањата на големиот ѕиден часовник, на кој домашните одамна се навикнале, ќе ви биде некаква замена. Ако и тие отчукувања ве мачат, тогаш ќе мора да почекате неколку дена, обично околу една недела, за да се хабитуирате на невообичаените звуци.

проблеми во спиењето 

Луѓето и животните се програмирани од самото раѓање да реагираат на нови нешта. Кога нешто ново или различно ќе се случи, му обрнуваме поголемо внимание. Ако, на пример, чуете некој чуден звук што доаѓа од моторот на вашиот автомобил додека возите и притискате на педалот за гас, во првиот момент тој звук силно ќе го преокупира вашето внимание. Што ќе рече, на таа дразба сте имале ориентирачки одговор, кој во случајов може да биде таков што сте ги начулиле ушите кон звукот, сте се наведнале нанапред и сте наслушнувале. Да речеме дека не сте го запреле автомобилот и не сте провериле што се случува подетално, туку сте продолжиле да возите. По некое време, вашето однесување ќе се промени. Тој чуден звук се помалку ќе ве мачи, па може дури и толку да се опуштите што ќе си пуштите музика и воопшто нема да реагирате на првично многу интересната дразба. Вашето однесување ќе се промени иако настанот сеуште е присутен, заради континуираното повторување на искуството, што е белег на процесот на учење.

жена вози 

Хабитуацијата се појавува кога вашиот одговор ќе забави или целосно ќе престане во однос на одреден настан кој ви станал препознатлив преку континуирано повторување. Ова се случува кај речиси сите живи суштества што имаат нервен систем, но се појавува дури и кај оние што го немаат. Организмите ги забележуваат изненадните промени во својата околина, но имаат способност да научат да ги игнорираат ако се појавуваат репетитивно и не носат со себе некакви последици. Повеќето птици би се уплашиле дури и од самата сенка на сокол кој им поминува над нивната глава, но нивото на реакција осетно ќе се намали доколку ова се случува повеќе пати а очекуваниот напад го нема. За овие птици првичната реакција има силна логика, затоа што ако не реагираат на таквата изненадна промена во околината, лесно може да станат плен на предаторот. Процесот на хабитуација ги учи да бидат селективни кон дразбите и да ги насочат своите одговори кон она за кое има смисла да реагираат. Веднаш ќе реагираат на новото и невообичаеното, но набргу пота ќе ги игнорираат настаните кои се случуваат репетитивно но без последици. Од еволутивна перспектива, адаптивната смисла на хабитуацијата е да го оневозможи реагирањето на дразби кои значат трошење на време и енергија.

сокол 

Ако студирате и учите во читална, или пак во библиотека, веројатно сте искусиле како на почеток повеќе реагирате на околните дразби, шепотот, гласното превртување на листовите од книгите, звуците од столчињата и сл., но потоа, откако ќе се задлабочите, се помалку ви пречат и реагирате само на некои посилни, нови или невообичаени дразби и тоа во прв момент, а потоа започнувате да ги игнорирате. Сличен процес ви се случува и ако учите со радио, односно музика. Отпрво звуците може да ве деконцентрираат, но потоа ќе се навикнете и нема да ги забележувате освен ако не настане нагла промена, како на пример да ја снема музиката заради технички прекин на радио програмата. Во таков случај ќе настане процес на дисхабитуација, обратен на хабитуацијата, при кој промената на веќе познатата дразба ќе предизвика повторно да ја забележуваме. Кога повторно ќе се чуе музика од вашиот радио приемник, вие повторно ќе реагирате на таа дразба.

учење 

Како работи хабитуацијата, односно кои општи фактори влијаат врз нејзино појавување?

Двата најважни се:

1. Интер-дразбениот интервал – времето помеѓу првата појава на дразбата за организмот и нејзиното второ појавување.
2. Траењето на дразбата – должината на времето за кое трае дразбата.

Да претпоставиме дека имаме две дразби, А и Б. Дразбата А трае 10 секунди, а дразбата Б трае 20 секунди. По правило, хабитуацијата побрзо се појавува доколку организмот е подолго изложен на дадена дразба. Па така, може да изведеме заклучок дека хабитуацијата побрзо би се појавила при појава на дразбата Б отколку на дразбата А. Може да се каже дека организмот се навикнал повеќе на Б отколку на А ако тие истовремено се појават.

Една од поинтересните работи за хабитуацијата е дека намалувањето на одговорот на дадена дразба е конкретно, специфично за дразбата во однос на која се развила хабитуацијата. На пример, ако сте се прејале чоколаден сладолед, па организмот ви се навикнал на таквиот вкус, степенот на реакција на сладолед од ванила осетно ќе ви се покачи заради тоа што на него не сте се навикнале, без оглед на тоа што и во двата случаи се работи за сладолед.

 Сладолед

Интересно е да се напомене дека процесот на хабитуација се јавува честопати кај многу припадници на различни професии. Неретко се бара будно внимание за еднолични, монотони дразби кои повремено се појавуваат. Таков е случајот со оние чија задача е да надгледуваат монитори за обезбедување, па и на чуварите и стражарите во еднолична средина каде што нема многу дразби. Во вакви вештачки ситуации, адатптивниот механизам на хабитуацијата престанува да биде корисен. За сметка на тоа, се појавува проблемот на вигилност, односно одржувањето на активно внимание за репетитивни досадни дразби.

 надгледувач на монитори

Репетитивното појавување на дразбите речиси неминовно води до некаква хабитуација со различен интензитет. Таков е примерот со лекарите, особено хирурзите, кои мора да се навикнат на тешки рани, крварења, смртни последици, трауматски состојби и страдања на луѓето. Без присутност на процесот на хабитуација медицинските лица, почнувајќи од студентите кога за прв пат ќе сецираат човечки леш, би имале тешка задача секојдневно да се справуваат со ваквите ситуации. Се смета дека оваа појава на т.н. „хабитуирана свест“ е одговорна за бесчувствителноста на сите оние кои работеле како извршители во концентрационите логори во втората светска војна. За воените организации не е тајна дека ветераните, оние кои се навикнати на фронтални или други воени операции, многу полесно ги поднесуваат воените околности отколку новодојденците со нехабитуирана свест.

 војник

Денес, сеприсутноста на различните медиуми кои презентираат сензационалистички содржини како и нивната лесна достапност преку интернет влијае врз нашата свест хабитуирајќи ја на разни видови насилства и социјално непожелни феномени, посредно создавајќи од нас се помалку чувствителни личности. Имајќи предвид дека овој процес се одвива предимно несвесно, треба многу да внимаваме во однос на тоа на какви содржини го изложуваме нашето внимание.

тв насилство

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.