RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

За себе сметате дека како личност сте:
 
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
СЕЌАВАЊАТА НА ФРОЈД
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ДРОГА ПРОТИВ КРАЖБИ
Сабота, 11 Декември 2010
Слика
НАСИЛСТВО НА РАБОТНОТО МЕСТО
Вторник, 25 Октомври 2011
Слика
ДАЛИ ЖЕНИТЕ САКААТ КРЕТЕНИ?
Четврток, 17 Февруари 2011
Слика
КОЈА БОЈА ГИ ПРИВЛЕКУВА МАЖИТЕ?
Вторник, 27 Септември 2011
Слика
ТРОШЕЊЕ ЗА ПРЕСТИЖ
Понеделник, 31 Јануари 2011
Слика
ТРОСЛОЈНА МЕМОРИЈА
Среда, 13 Април 2011
Слика
ШТО Е "НОРМАЛНО"?
Недела, 13 Ноември 2011
Слика
БИОЛОГИЈА НА ЗАБОРАВАЊЕТО
Понеделник, 14 Мај 2012
Слика
ДЕЛОВНИ ПОДАРОЦИ
Понеделник, 27 Декември 2010

„Цивилизацијата започна кога за прв пат некој гневен човек фрли збор наместо камен“

Зигмунд Фројд



ПОТЕКЛОТО НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 3556 пати
Среда, 05 Декември 2012 22:09

За прв пат, научниците открија како луѓето, но и другите цицачи, еволуирале до степен да имаат интелигенција.

днк мозок интелигенција

Истражувачите го идентификуваа моментот во историјата кога еволуирале гените кои ни овозможуваат да мислиме и расудуваме. Оваа точка во еволуцијата се наоѓа пред 500 милиони години кога сме се здобиле со способност да учиме комплексни вештини, да анализираме ситуации и да имаме флексибилност во начинот на кој размислуваме.

 клуч на интелигенцијата

Водачот на студијата, професорот Сет Грант, од Универзитетот во Единбург, истакнува дека објаснувањето како се појавила интелигенцијата и сложените однесувања за време на еволуцијата е еден од најголемите научни проблеми. Истражувањето, исто така, покажува и директна врска помеѓу еволуцијата на однесувањето и потеклото на мозочните болести.

Сходно на ова, научниците сметаат дека истите гени кои се задолжени за подобрување на нашиот ментален капацитет се исто така одговорни и за голем број мозочни нарушувања.

работа на мозокот 

„Ова револуционерно истражување има импликации врз начинот на кој денес го разбираме појавувањето на психијатриските нарушувања и ќе отвори нови патишта за развој на нови терапии“, рече Џон Вилијамс, шеф на одделот за Невронаука и Ментални Болести на еден од главните финансиери на проектот.

 Студијата покажува дека интелигенцијата кај луѓето се развила како резултат на зголемување на бројот на мозочни гени кај нашите еволуциони предци. Некои од истражувачите претпоставуваат дека ова се случило кај едноставни безрбетни животни кои живееле во морињата пред 500 милиони години при што се случила „генетска грешка“ што резултирала во вишок од копии на овие гени. Потомците на овие животни имале корист од овие екстра гени што одвело до развој на бихејвиорално софистицирани рбетници, вклучувајќи ги и луѓето. Се разбира, ова е само едно од шпекулативните толкувања на откритието од истражувањево.

копирање на ДНК 

Истражувачкиот тим ги проучувал менталните способности на глувците и луѓето, употребувајќи компаративни задачи кои вклучувале идентификација на објекти на компјутерски монитори осетливи на допир. Тие потоа ги комбинирале резултатите од овие бихејвиорални тестови со информациите од генетскиот код на различни видови за да одредат кога различните однесувања еволвирале.

Откриле интересен податок дека вишите ментални функции и кај луѓето и кај глувците биле контролирани од истите гени. Исто така, со оваа студија се покажало и дека ако овие гени мутираат или пак се оштетат, ја намалуваат способноста на високите ментални функции.

 глувци против луѓе

Според Грант, со оваа студија се покажува дека цената што ја плаќаме за повисока интелигенција и посложени однесувања е поголемиот ризик за ментална болест. Претходно, истражувачкиот тим покажал дека дури повеќе од 100 детски и возрасни мозочни болести настануваат како последица на генетска мутација. Според нив, денес, кога технологијата го дозволува тоа, може да се употребат генетски и бихејвиорални тестови за да им се помогне на пациентите со овие заболувања.

 днк мозок интелигенција

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.