RSS
Психа на Facebook
   

АНКЕТИ

Дали некогаш во животот сте имале парапсихолошко искуство?
 
 

ПОПУЛАРНО ВО БИОПСИХА

Слика
ОПЛОДУВАЧКИ ПРОГЕСТЕРОН
Петок, 25 Март 2011
Слика
СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ
Четврток, 01 Декември 2011
Слика
ВЕЖБАЊЕ ПРОТИВ НЕРВОЗА
Петок, 08 Април 2011
Слика
ВАЛКАНИ И НЕМОРАЛНИ МИСЛИ
Петок, 02 Декември 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
ПОВРЗЕТЕ СЕ СО ВАШАТА МАЧКА
Четврток, 23 Декември 2010
Слика
ТЕРАПИЈА СО МИЛЕНИЧИЊА
Вторник, 13 Септември 2011
Слика
СЕ ЗА КУЧИЊАТА
Понеделник, 29 Ноември 2010
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

СЛУЧАЕН ИЗБОР

Слика
КРЕАТИВНОСТ ЗА ДРУГИТЕ
Понеделник, 14 Март 2011
Слика
И ОСИТЕ ПРЕПОЗНАВААТ ЛИЦА
Понеделник, 12 Декември 2011
Слика
ДАЛИ СТЕ ДОСАДНИ?
Четврток, 13 Октомври 2011
Слика
ADHD КАЈ ВОЗРАСНИТЕ
Вторник, 13 Декември 2011
Слика
ДАЛИ УБАВИТЕ ЛУЃЕ СЕ СЕБИЧНИ?
Недела, 30 Октомври 2011
Слика
ТЕТА МОЗОЧНИ БРАНОВИ
Среда, 14 Декември 2011
Слика
НАЈУМНИ СМЕ НА 27 ГОДИНИ
Петок, 12 Ноември 2010

Луѓето се многу поморални отколку што си мислат и далеку понеморални отколку што можат да си замислат.

Зигмунд Фројд



НАСЛЕДСТВОТО ПОСИЛНО ОД СРЕДИНАТА PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од можни 5)
прочитано 6294 пати
Вторник, 22 Мај 2012 20:39

Кога се работи за карактерните црти, наследството има посилна улога отколку средината.

природа против наследство

Едно ново истражување покажа дека гените имаат поголемо влијание врз карактерните црти, како што се самоконтрола, одлучување и социјабилност, во однос на тоа што се мислеше порано.

Според психолозите од Универзитетот во Единбург, карактеристиките кои се под генетско влијание, може да бидат клуч за тоа колку една личност ќе биде успешна во животот. Во студија од повеќе од 800 пара близнаци тие откриле дека гените се повлијателни во формирањето на клучните особини на личноста отколку домашната средина и околина.

гени и близнаци

Студијата на близнаци во САД, повеќето постари од 50 години, употребила серија на прашалници за да утврди како тие се перципираат себеси и другите. На пример „Дали сте под влијание на луѓе со цврсти мислења?“ и „Дали сте разочарани од достигнувањата во вашиот живот?“. Резултатите биле мерени со помош на Психолошката Риф Скала за Добросостојба, која ги проценува и стандардизира овие карактеристики.

 

близнаци

Истражувачите утврдиле дека идентичните близнаци, чија ДНК е идентична, имале двојно поголема склоност за споделување на особините отколку не-идентичните близнаци.

Истражувачите велат дека откритијата се значајни затоа што колку е појака генетската врска, толку е поверојатно дека овие карактерни црти ќе се пренесат низ фамилијата.

мајка и дете

Истражувачите откриле дека гените влијаат врз чувството за целисходност на една личност, колку добро се снаоѓа со луѓе и нејзината способност за продолжително учење и развој. А пак, како што тврди Др. Тимоти Бејтс од Универзитетот во Единбург, генетското влијание се покажало како најсилно кај чувството на самоконтрола на личноста.

 гени и мозок

„Уште од древни времиња, луѓето дебатирале за природата на добриот и природата на прекрасниот живот. Зошто се чини дека некои луѓе добро управуваат со својот живот, имаат добри релации со другите и соработка преку која ги остваруваат своите цели додека другите не? Порано, улогата на семејството и средината околу домот била доминантна во идеите на луѓето во врска со тоа што влијае врз психолошката благосостојба. Како и да е, оваа студија акцентира многу поголемо влијание на генетиката“ - вели Бејтс.

близнаци во градинка

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
  
Psihagon Ltd.

Copyright © 2010-2014 Psihagon Ltd. All rights reserved.